Претставување на сатиричарот Александар Чотриќ во охридската библиотека

Културниот центар „Бран“, Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ организираат претставување на Александар Чотриќ – сатиричар од Белград, Србија. Претставувањето ќе се одржи утре во 19:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. WebOhrid

повеќе...

Во охридската библиотека ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Во Прличевата одаја при НУ библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, утре ќе бидат промовирани изданијата од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Промотор на настанот е Тоде Илиевски, а истиот ќе започне во 11:00 часот. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

повеќе...

Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

„Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека. Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.

повеќе...