Паркирање браник на браник

Паркирањето претставува проблем доколку се паркира на мал простор или пак на простор преполн со автомобили. Често можеме да видиме како некое возило е блокирано од паркирани возила од двете страни и не може да излезе се додека не го ослободат тие возила. Во овој случај имаме паркирање браник на браник, за среќа без штета. WebOhrid

повеќе...

Опожарено возило во Охрид

СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици. Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. Пожарот е…

повеќе...

Рено Рудолф низ охридските улици

Охрид се украсува, празничната атмосфера од ден на ден се чувствува се повеќе и повеќе. Покрај вообичаените новогодишни украси, по охридските улици можеме да забележиме и еден невообичаено украсен автомобил. Еден наш сограѓанин се решил да го украси својот автомобил, па со тоа од Рено 4 направил Рено Рудолф. WebOhrid

повеќе...

Акција на Citroën во Охрид: „Овој човек има стил, вози Citroën“

Охриѓани, но и бројните гости денес во Охрид беа сведоци на навистина интересна акција на Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën. По убавото, топло и сончево време и големата раздвиженост на Градскиот плоштад, тимот на Citroen заврза по еден балон со натпис „Овој човек има стил, вози Citroën“, на возилата од оваа реномирана компанија кои беа паркирани во центарот на градот. Глетката беше интересна и прифатена од граѓаните кои пиеја кафе по охридските кафе барови, а особено од најмладите. Компанијата Inside Auto, чиј салон се наоѓа на улицата…

повеќе...