Во тек е крводарителската акција во Центарот за култура „Григор Прличев“

Се бара кревет повеќе за да се дарува крв на денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Тамаро маркети се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“. Вработените во маркетите Тамаро, предводени од своите директори беа првите хуманисти, крводарители кои ја отворија денешната крводарителска акција. Од Црвен крст Охрид, се надеваат дека сите хумани охриѓани ќе го следат овој пример и ќе се приклучат на крводарителската акција, а воедно и ги покануваат на забава и дружба зачинета со дегустација на производи од маркетите Тамаро…

повеќе...

Во сабота голема крводарителска акција во Центарот за култура

Црвен крст Охрид најавува голема крводарителска акција која во соработка со Тамаро маркети ќе се реализира на 16.09.2017 г. (сабота) од 10:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Со цел да се соберат што повеќе крвни единици за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид ги покануваме нашите хумани сограѓани да бидат дел од оваа крводарителска акција и заедно со вработените во маркетите Тамаро ја даруваат драгоцената течност. Учесниците на оваа крводарителска акција ќе имаат можност да уживаат во бројни креативни содржини и вкусат специфични…

повеќе...

Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...

Крводарителска акција во просториите на противпожарната единица во Охрид

Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 13 часот ќе се одржи во службените простории над противпожарната единица во Охрид. Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици.…

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...

Традиционална крводарителска акција по повод празникот „Св.Климент“

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа денес во периодот од 19-24 ч. и утре 9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...