Партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“

Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи. По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

повеќе...

Нови инсталации за новиот кружен тек

Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, започнаа со поставување подземни инсталации на пресекот од булевар „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“ каде во тек е градба на кружен тек. Се очекува во оваа работна недела да започнат со работа и кабелските оператори „Телеком“ и „Неотел“. По поставување на подземните инсталации на оваа кружна крстосница ќе биде воведен во работа изведувачот, градежната фирма „Ив Стил Градба“.

повеќе...