Делегација предводена од претседателот на СДСМ Заев оддаде почит во Крушево

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со потпретседателот Александар Кирацовски и претседателот на ОО на СДСМ Крушево Трајче Калески, во чест на 2 август – Денот на Републиката оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, првиот претседател на Крушевска република, во споменичкиот комплекс Илинден, познат како Македониум, пред споменикот на Хероите на Слива, пред споменикот на Мечкин камен, како и на гробот на Тоше Проески.

повеќе...

Заев: Републиката повторно ќе ја изградиме според илинденските идеали

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Веќе со години во Македонија е наметната една лажна привидна поделба на партизани и комити со цел едната партија да се поврзе со наследството на броците од првиот Илинден, а другата со востаниците од вториот Илинден. Не постои таква поделба. Нема поголем доказ од фактот дека партизанските одреди ги носеа имињата на илинденските дејци Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Никола Карев. Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба,…

повеќе...

Пет години од „Спомен куќата на Тодор Проески“

Со песните на Тоше Проески и со спомените за нашата и балканска голема музичка легенда денеска во „Спомен куќата на Тодор Проески“ на Гумење во Крушево беше одбележана пет годишнината откако е отворено ова архитектонско здание. На пригодната свеченост присуствуваа посетители, почитувачи на делото и ликот на Тоше Проески, крушевчани, еминантни музички уметници, ученици, поети, музичари како и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која претходно го посети гробот наТоше на Гумење. За посетителите спомен-куќата го одразува духот и делото на Тоше, неговата хуманост, енергија, несебичност и музички талент. Според…

повеќе...

Прилеп и Крушево – мета на балканскиот параглајдерски крем

Изминатиов викенд во организација на градот Прилеп, УСАИД и Параглајдерскиот клуб „Скај Рајдер”се одржа Параглајдерски натпревар „Прилеп Опен 2015”. Учествуваа 80 параглајдеристи од 4 држави: Албанија Бугарија и Косово како и пилоти Параглајдеристи од Македонија. Првично место на одржување требаше да биде Трескавец, но поради метео условите се леташе од Новоселски рид на 14 км западно од Прилеп, и од Крушево. Натпреварот се состоеше од 5 серии во кои 3-то место го освои Мартин Јованоски, втор беше Миле Јованоски, а нијанси одлучуваа за освојување на првото место, кое овојпат му…

повеќе...

Нишката што ги поврзува сите наши Илиндени е повикот за Единство – Обраќање на претседателот Иванов по повод Илинден

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се обрати на централното чествување на Денот на Републиката, 2-ри август на Мечкин Камен во Крушево. Тој рече дека нишката што ги поврзува сите наши Илиндени, е повикот за единство за остварување повисока цел. Интегрално го пренесуваме говорот: „Денес, на ден Илинден, од херојско Крушево, ви го честитам најголемиот македонски празник. Празник на светлината, празник на слободата. На Илинден покажавме дека сме народ достоен за слобода. Павел Шатев рече дека „вооруженото востание што се крена на ден Илинден, е најсветол датум и настан, бидејќи во востанието беше…

повеќе...

Заврши работилницата за гитара во Спомен куќата на Тоше Проески

Заврши тридневната работилница за гитара во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево, која ја водеше врвниот гитарист Влатко Стефановски. Работилницата е дел од проектот на Министерството за култура за отворање „Регионален центар за млади музичари од ЈИЕ“. Работилницата на која учествуваа 70 млади од Србија, БиХ и Македонија, денеска ја посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Според неа, со работилницата за гитара успешно профункционирал тој Регионален центар. „Работилницата за гитара е прв дел од Регионалниот центар. Седумдесет учесници ја изучуваа гитарата, покажаа голема љубов и посветеност. Влатко…

повеќе...

Огромен интерес за Гитарската работилница во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево

Повеќе од 100 кандидати се пријавени за учество на Гитарската работилница со гитарската легенда Влатко Стефановски која, со поддршка на Министерството за култура, ќе се одржи од 24 до 26 јуни во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево. Работилницата, за која пријавувањето е веќе затворено, ќе овозможи на еден креативен начин, преку музиката, нашата регионална сцена да се збогати со нови талентирани млади изведувачи. Младите музичари ќе имаат можност три дена да работат со својот ментор, а резултатите од нивната заедничка работа ќе бидат презентирани на завршниот концерт кој ќе…

повеќе...

Пациентите најзадоволни од услугите во Крушево, Кичево и Македонски Брод

Во Јавните здравствените установи во Курушево, Кичево, Македонски Брод и општата болница Кичево пациенти се целосно задоволни од достапноста, стручноста и љубезноста на лекарите како и од медицинскиот персонал, покажуваат резултатите од истражувањето за задоволството на пациентите во ЈЗУ спроведено минатиот месец. Како што информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров овие резултати покажуваат дека пациентите се генерално задоволни од односот на целокупниот кадар во установите како и дека има високо ниво на хоспитална култура. „Од стручноста на лекарите најмалку се задоволни односно 45 проценти пациентите од здравствениот…

повеќе...

Врнежи од снег во Крушево

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег се бележат во Крушево, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

повеќе...

Врнежи од слаб снег на патните правци кон Маврово, Крушево, Пресека и Охрид

Поради големи одрони од камења, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин. Возилата се пренасочуват по патниот правец Кочани – Виница – Делчево. На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила. На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно…

повеќе...