Кривична за овчарот од Бачишта чии кучиња го усмртија четиригодишното дете

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Ш.В. (49) од с.Бачишта, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување општа опасност“. Пријавениот на 16.03.2017 година во с.Бачишта во близина на неговото трло со овци пуштил неконтролирано да се движат опасни овчарски кучиња, негова сопственост, кои нападнале четиригодишно дете од с.Бачишта. Детето било нападнато кога излегло само од дворот каде што живее при што се здобило со тешки телесни повреди од кои на 19.03.2017 година починало.

повеќе...

Малолетни лица во кичевско завршија на болница со тешки повреди по напад на кучиња скитници

Малолетник роден 2013 година, од кичевското село Бачишта, се здоби со тешки повреди во пределот на стомакот, градниот кош и главата, откако вчера беше нападнат од повеќе кучиња. Поради сериозноста на повредите, малолетникот, од Општата болница во Кичево каде му била дадена првична неопходна медицинска помош, итно е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Настанот се случил вчера околу 11 часот во селото Бачишта во момент кога детето само излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива сакајќи да појде до соседната куќа каде што се…

повеќе...

Кучиња скитници – опасност за велгоштани

Кучињата скитници претставуваат проблем со кој што се соочува не само нашиот град туку и сите градови во Македонија. Загрижен читател испрати фотографии со глутница кучиња позади спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Читателот предупредува за овој сериозен проблем, пред да биде предоцна, односно како што вели, пред да каснат некое дете.

повеќе...

Шетање куче од автомобил

Убав сончев ден, време за прошетка, но со кого да излезете попрво, со сопругата или пак со кучето!?! А зошто не и со двајцата? Додека жената си вози автомобил, онака во прва со вклучени четири трепкачи, вие си го влечкате кучето по вас. Колку и да им изгледала добро идејата, во пракса тоа не изгледаше баш така. Напротив, ова претставуваше малтретирање за кучето. WebOhrid

повеќе...

Кучињата пливаат заедно со децата

И ова лето можевме да се увериме дека човековиот најверен пријател оди секаде со газдата, па дури и во езеро. Ова куче пливаше заедно со децата на плажата во Елешец, а дали им пречеше на присутните…!?! WebOhrid

повеќе...

Олеснето некомерцијалното движење на домашни миленици (кучиња и мачки) во ЕУ

Почнувајќи од 19 Ноември оваа година, граѓаните на Република Македонија ќе можат да патуваат со своите домашни миленици во државите на Европската Унија без претходно да извршат тест за проверка на имунитетот од извршената вакцинација против беснило. Со тоа за цели три месеци се намалува периодот потребен за комплетирање на документацијата потребна за патување. Имено на 30 Октомври Европската Комисија донесе Регулатива (ЕУ) бр.1160/2014 со која Република Македонија се вклучува на листата на територии и трети земји кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Европската Комисија за контрола на…

повеќе...

Царинско куче откри шверцери на марихуана

На 30 јуни 2014 година царинските инспектори од Одделението за оперативни работи со помош на куче – трагач, при контрола на патничко моторно возило со босански регистарски ознаки пронајдоа и запленија околу 340 грама марихуана. На 30 јули, околу 17:45 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријави патничко моторно возило марка Шкода Октавија со босански регистарски ознаки, управувано од босански државјанин со иницијали Х.Ф., со кој патувал уште едно лице Д.С. исто така босански државјанин.  На прашање на царинските службеници, двете лица одговориле дека откако…

повеќе...