Жител од Лабуништа починал додека бил на гости во Охрид

Синоќа во 22:30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар – Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот. Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

повеќе...

НВО „Натура Лаб“ одржа јавен собир изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом

Вчера, во периодот од 14:00 до 15:00 часот во с.Боровец, струшко, поточно на спортското игралиште, околу 500 граѓани во организација на невладината организација „Натура Лаб“ од с.Лабуништа одржале ненајавен јавен собир, изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом на м.в. „Стижак“ од А.Д „Илинден“ – Струга. За време на собирот немало нарушување на јавниот ред и мир.

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лабуништа кај кого било пронајдено нелегално оружје

ПС Струга поднесе кривична пријава против А.Ш. (25) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.12.2016 година извршен е претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени 17 парчиња муниција различен калибар: два куршуми со калибар 9 мм од чешко производство, еден куршум со калибар 9 мм од германско производство и 14 куршуми со калибар 7,62 мм од кинеско производство. Пронајдената муниција е наменета за испалување од огнено оружје –…

повеќе...

Започна изградбата на нова спортска сала во Лабуништа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, заменик министерот Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваа на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа. Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и гимнастика. За изградбата на спортскиот објект Министерството за образование и наука обезбеди 42 милиони денари, а дополнително се инвестираат и 12 милиони денари за изградба на потпорен ѕид од…

повеќе...

Реновирано основното училиште „Мурат Лабуништа“ во Лабуништа

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, министерот за економија Беким Незири, министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и пратеници од регионот, денеска го посетија основното училиште „Мурат Лабуништа“ во с. Лабуништа, општина Струга, каде што во тек е реконструкција на старите и дотраени прозорци. „Инвестицијата е на Министерството за образование и наука во висина од 100.000 евра и со неа се врши замена на старите и дотраени прозорци. Се надевам дека оваа инвестиција ќе ги подобри условите и квалитетот на образованието во училиштето, а истовремено ќе придонесе за намалување…

повеќе...