Прекин во водоснабдувањето од населба Лагадин до хотел Десарет

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради санација на дефект на главна водоводна линија ф 300мм во нас.Лагадин ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од нас.Лагадин до хотел Десарет. Прекинот ќе трае се до отстранување на дефектот.

повеќе...

Протест: Во одбрана на Лагадин, во одбрана на Охрид

Утре, 4 август (петок) во 12 часот пред градилиштето на спорниот хотел во населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за скандалозната Медитеранска плажа, група револтирани граѓани ќе го „чествува“ Илинден со „пригоден“ протест за одбрана на Лагадин и охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација. И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има за цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица, кои најчесто се…

повеќе...

Генералка во Лагадин

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на улиците во населбата Лагадин. „Беа темелно исчистени улиците и тротоарите од наноси на земја и песок, и паднати лисја од дрвјата, и се беше уредно собрано и депонирано од страна на работниците.“– информираат од претпријатието.

повеќе...

Ристе Ристески со бесплатен концерт на плажа во Охрид

Момчето кое успеа да го освои сето внимание на дивата Јелена Карлеуша, но и да се избори пред сите препреки низ круговите во популарното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ќе одржи голем концерт во петок (29 јули) на плажата „Акапулко“ во Охрид. Имено, по потпишаниот ексклузивен договор со продукцијата „Гранд“ на 9 години и исполнети сите обврски кон шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Ристе одлучи да им се заблагодари на своите сограѓани кои несебично во текот на сите овие месеци му ја даваа својата поддршка со бесплатен концерт на…

повеќе...

Екипите на „Јавна хигиена“ го чистат кејот и потегот од Лагадин до Елешец

Денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел „Милениум”. „Подигнати беа 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници. На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Емоционален апел на алпинистката Илина Арсова за спас на Лагадин

Познатата алпинистка, охриѓанката Илина Арсова, која во мај 2013 година го искачи врвот Монт Еверест на висина од 8.848 метри, во писмо до јавноста вели дека на Лагадин не му треба медитеранска плажа затоа што теренот не располага со плажно крајбрежје. „На потегот кај Лагадин, езерото е во тесна врска со планината и со националниот парк Галичица. Тие живеат во природна симбиоза, каде влијанијата од планината се префрлаат во езерото и обратно. Предвидената плажа треба да се гради во вода, бидејќи ширината на постојниот брег е помеѓу 2 и 5…

повеќе...

Охрид СОС: Општина Охрид го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема!

Фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска плажа што го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во с. Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година! Отпорот од јавноста ја принуди Општина Охрид на најподмолен начин да го расцепка некогашниот проект за морска плажа на езеро и перфидно и незаконски да го протурка како поставување урбана опрема. Со оваа процедура се избегнуваат и потребните градежни дозволи, како и водостопанската дозвола што претставува чиста манипулација…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Охрид – Св.Наум

Едно лице го загуби животот, а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин. По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20) од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки. Незгодата се случила во…

повеќе...

Во Лагадин комуналниот отпад ќе се подигнува во вторник и петок

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во деновите вторник и петок. Граѓаните се должни да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.

повеќе...

МЗ Лагадин и ЕКО Друштво Лагадин: Приговор за зачувување на мирот, спокојот и природата на УЕ Лагадин

Денес жителите на УЕ Лагадин до надлежните органи и ресорни министерства го испратија приговорот за зачувување на мирот, спокојот и природата во населба Лагадин и крајбрежјето на потегот Лагадин – Пештани. Приговорот е потпишан од околу двесте лица, сопственици на домови и комерцијални објекти во населбата и долж крајбрежјето, што се всушност сите жители со само неколку искучоци. Сите имаат едногласен став дека на Лагдин ниту на Охридското езеро кое светот го препознал по своите автентични природни богатства, не му доликува да стане лоша мегаломанска копија на медитеранските летувалишта. Охрид нуди богата…

повеќе...