Награда за градоначалникот Бакрачески на првиот полско – македонски конгрес на лекари

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се обрати на меѓународниот конгрес на лекари, „Прогрес во хирургијата и онкологијата“ кој до четврти септември се одржува во Охрид. Станува збор за прв собир од ваков тип во градов што досега се организирал во Република Полска од страна на проф. д-р Зоран Стојчев, Македонец кој долги години работи и живее во оваа европска земја. Во улога на домаќин и почесен гостин, конгресот за отворен го прогласи градоначалникот Бакрачески кој пред присутните истакна: „Почестен сум што денес во Охрид се одржува овој Меѓународен конгрес на…

повеќе...

Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Со проектот „Наш специјалист“ граѓаните ќе заштедат време и пари

Бенефитот од проектот „Наш специјалист“ е во тоа што побрзо се добива здравствена услуга, бидејќи пациентот не мора да патува во друг град, му се заштедуваат време и пари, но пред се рано се дијагностицира заболувањето и навремено се заштитува здравјето на луѓето. Во Валандово 578 пациенти требало да одат до Струмица или до Гевгелија за да бидат прегледани од оториноларинголог. На тие 578 пациенти, тоа им заштедило време, но и пари кои требало да ги издвојат за патување. Во Крива Паланка, пак, 1755 пациенти биле поштедени да патуваат до…

повеќе...

Конгрес на Здружението на лекари по општа медицина во Охрид

Градоначалникот, Никола Бакрачески, синоќа го отвори 4-от по ред Конгрес на здружението на лекари по општа- семејна медицина што од 14тидо 17тимај се одржува во градот -домаќин, Охрид. „Секогаш ми причинува искрено задоволство кога присуствувам на собири од лекарската професија. Така е и на вашиот 4 Конгрес, на Здружението на лекари по општа медицина. Свој меѓу своите. Драги колеги, во свое име и во името на граѓаните на Охрид, ви посакувам успешна работа и пријатен престој во Охрид. Работата на нашите колеги од примарната здравствена заштита, со ефикасна семејна медицина,…

повеќе...

Зголемување на капитацијата за матични лекари

Примарната здравствена заштита е првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и има посебно значење како „капија“, за целокупното лекување и следење на здравствена состојба на пациентот. Кај матичниот лекар секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга, согледување на ризиците и рано откривање на определените заболувања што е од огромно значење за превенцијата и навременото лекување. ФЗОМ постојано ги следи услугите и го унапредува начинот на функционирање на примарната здравствена заштита со тенденција на долг рок да обезбеди поквалитетна услуга, односно подобра превентивна здравствена заштита и навремена дијагностика за…

повеќе...

Проширување на позитивната листа на лекови, најголем дел за малигно болните

Позитивната листа на лекови ќе се проширува, а најголем дел од лековите кои ќе се најдат на неа ќе бидат лекови коишто ги користат малигно заболените, изјави премиерот Никола Груевски. „Станува збор за т.н. прва линија лекови, односно лекови кои се прво препорачани од страна на лекарите согласно медицината базирана на докази. Процедурата веќе е започната во Министерството за здравство. За 15 до 20 дена треба да се отвори тендер за дел од нив, да започне процедурата за ставање на позитивната листа со сите потребни процедурални активности. Дел од нив…

повеќе...

Олеснување на казнената политика – нови поволности во работењето на матичните лекари и стоматолозите

Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Опомената ќе замени голем дел на казни кои се изрекуваа од Фондот за технички грешки на матичните лекари, со што сакаме да ја зајакнеме партнерската улога со лекарите. Измените се следни: Осум договорни казни од ¼ капитација ги префрливме во опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна и тоа во…

повеќе...

Олеснување кај матичните лекари – побрза реализација на превенцијата Размена на податоци за резултати од лаборатории ЛУ 1 по електронски пат

Воведување на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.…

повеќе...

Лекарите – специјалисти ќе добијат покачување на платата за 25 отсто

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека до февруари идната година ќе бидат зголемени платите на лекарите -специјалисти вработени во скопските клиники, за околу 25 отсто. Парите биле заштедени од одредени набавки, а претходно, како што рече, оделе во нечии џебови. „Со последната набавка во која се набавени двата најскапи лекови, беа заштедени околу 6 милиони евра. Како резултат на овие заштеди, Владата и Министерството за здравство донесоа одлука да се зголемат платите на сецијалистите вработени во клиниките во Скопје, и тоа за 24,92 проценти“, истакна Тодоров. Извор: Нет Прес

повеќе...