ЖЦ „Бисера“ и Организацијата на жени Будва одбележаа 10 години соработка

Женскиот Центар „Бисера“ Охрид  и Организацијата на жени Будва оваа година одбележаа 10 години заедничка соработка. По тој повод, во Охрид синоќа се одржа модна ревија на модната креаторка од Црна Гора, Јелена Џукановиќ.

повеќе...

Македонските дизајнери во нов економски подем

Дизајн центарот „Јавна соба“ најавува прва голема распородажба на дизајн производи со 100% македонски предзнак која ќе се реализира во Скопје на 9 и 10 јануари од 10:00 до 21:00 часот. За прв пат мебел, облека, накит, аксесоари и други производи од младите македонски брендови се продаваат по мошне поволни цени. Рамо до рамо со големите светски брендови кои сме навикнати да ги гледаме и конзумираме во трговските центри, македонските дизaјнери се пуштаат во нов економски подем и тоа на домашниот пазар. Младите дизајнери одобруваат голем колективен попуст на своите…

повеќе...

Моден перформанс во Археолошкиот музеј

Во Археолошкиот музеј во Скопје синоќа се одржа модна ревија насловена „Современата мода инспирирана од модните трендови на 50-тите, 60-тите и 70-тите години на XX век“ на која, меѓу многубројните гости, присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, првата дама г-ѓа Маја Иванова и други еминентни гости од политичкиот и од културниот живот. Настанот, кој беше во организација на Археолошкиот музеј и на Музејот од Куманово, претставува продолжение на минатогодишниот проект насловен „Модните трендови и културата на живеење од ала франга до современата мода“, кој беше резултат на теренски истражувања…

повеќе...