Во недела ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“

На 02.07.2017 година (недела), со почеток во 21:00 часот ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“, во организација на Телевизија Морис Охрид. За прв пат оваа година фестивалот добива локација во центарот на градот, односно на градското пристаниште, непосредно во близина на споменикот „Фаќач на крст“,што значи дека фестивалот ќе биде отворен за сите посетители. „Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изведени над 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии од кои ќе бидат одбрани најдобрите од страна на стручното жири, ама и присутната публика ќе има можност…

повеќе...

Утревечер по 15-ти пат започнува „Канеофест“ 2016

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено петнаесеттото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, кој веќе 5 години е во организација и покровителство на Телевизија Морис од Охрид, а со кој ќе започнат и фестивалските денови во Охрид. „Од 2013 година фестивалот разви две фестивалски вечери, односно дадовме простор и за звуците на новокомпонираните фолк мелодии и токму фолклерите ќе го отворат овогодинешното издание на први јули во НУЦК „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот, а фестивалот ќе заврши наредниот…

повеќе...

Свечено отворено 14-то издание на „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа свечено беше отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест“ 2015, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели.  На првата фестивалска фолк вечер беа изведени деветнаесет нови композиции, а во ревијалниот дел настапија Спасен Силјаноски, Виданка Георгиевска, Мишко Србиноски. Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и ревијален настап на неколку познати имиња од македонската естрада. WebOhrid/А.Андриоски

повеќе...

Утревечер по 14-ти пат започнува „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели. „Традицијата на одржување на Канеофест трае веќе 14 години, а по 4-ти пат е под покровителство и организација на ТВ Морис од Охрид. Гласањето ќе оди преку публика и преку стручното жири кое што ќе биде составено од музички професори. За (фолк вечерта), утревечер пријавени се околу 22 новокомпонирани композиции,…

повеќе...

Заврши фестивалот „Канеофест“ 2014

Синоќа на летната сцена Долни Сарај се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „Канеофест“, 2014, со што фестивалот беше затворен. На фестивалот  се натпреваруваа  изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии, каде публиката во ревијалниот дел од фестивалот уживаше во настапите на неколку познати имиња од македонската естрада. Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа во 13-ти пат. Ангелче Андриоски 

повеќе...