Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“. Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти. Што се случи потоа!? Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго. Станува збор за асфалтирање на паркингот…

повеќе...

Емилија Маринова нова директорка на ОМУ „Методи Патче“

Емилија Маринова е новиот директор на ОМУ „ Методи Патче“. Со решение на градоначалникот Никола Бакрачески од 7 септември 2015 година, Маринова и официјално ја презеде оваа функција од досегашната директорка Нина Момировска која претходно во два мандати ја водеше институцијата. Маринова е професор по пијано а во ОМУ „Методи Патче“ работи неколку години.

повеќе...

Хортикултурно уреден плоштадот кај Музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија новиот плоштад кај Музичкото училиште „Методи Патче“. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет. „Се уредија зелените површини на влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Јане Сандански“: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување, декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки. Се формираа зелени појаси околу дрворедот по „Булевар Туристичка“ каде…

повеќе...

Охрид ќе учествува на Фестивалот на европските езера во Италија

Делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески, ќе учествува на Шестото издание на Фестивалот на европските езера што од 29-ти мај до 2-ри  јуни се одржува во Исео, Италија како и на вториот глобален состанок на официјалните делегации од членките на Европската мрежа на езера што на 30-ти мај се одржува во овој италијански град. Антонио Балески од Секторот за туризам и локален економски развој на денешната средба со новинарите се осврна на годинешната програма на фестивалот. „Фестивалот на европските езера годинава ќе трае четири дена и во…

повеќе...

Годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ Охрид

Вечерва во катедралната црква „Света Софија“,  со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. „Ги покануваме сите љубители на класичната музика да дојдат да ги поддржат младите музички таленти.“-  вели директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска. На концертот ќе настапат  ученици кои освоиле награди и признанија на државните и меѓународните натпревари, хорот и оркестарот кои работат во рамките на ова училиште. WebOhrid

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со активности кај музичкото училиште

Екипи на ЈП „Нискоградба“ задолжени за одржување на канализација и канализациони системи, денес врши чистење и профилактика на цевките за одведување на отпадни води на ул. Богомилска. Градежната оператива на јавното претпријатие работи на поплочување на тротоар на ул. „Никола Карев“ кај Музичкото училиште и работи на пуштање на нова линија за одведување на отпадни и атмосферски води на новата пешачка патека.

повеќе...