Во Охрид регистрирани 43 случаи поврзани со семејно насилство во првите 9 месеци од 2017

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство од кои: 14 дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица (сопруги, партнерки, мајки, баби). Во помал број случаи жртви се мажи (сопрузи, партнери). Од вкупно…

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (44) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил н шести минатиот месец во семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко. Во момент на караница и агресивно однесување, пријавениот, загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот, ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината, скршил две прозорски стакла, при тоа упатувајќи сериозни…

повеќе...

Во Охрид ќе се реализира Проектот „Љубовни рецепти“ со истражување, едукативен камп и марш за ненасилство и женски права

Младински Совет Охрид, во соработка со центарот за човекови права „АМОС“ од Битола, и младинското здружение „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „Љубовни рецепти“. Проектот претставува кампања за освестување на младите девојки за родовиот идентитет, како и за нивна борба против насилството, пред се во адолесцентни врски. Целта е девојките да се освестат да го препознаат родно условеното насилство и да се оспособат да развијат механизми за да се соочат со истото, со што ќе влијаат врз промена на личните ставови, за да можат да остварат квалитетна љубовна…

повеќе...

Кривичнa пријавa за насилници кои упаднале во дом во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против 4 лицa: Ф.Н.(53), Ф.Н. (32), Е.Н.(29) и С.Н.(25), сите од Струга. Пријавените, казненото дело го извршиле на шести овој месец околу 22 часот на улицата „Црн Дрим” во домот на А.Е. од Струга. Откако неговата сопруга ја отворила вратата, го забележала Ф.Н. кој физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица и со тупаници по целото тело. Потоа, зедно со останатите пријавени, влегле во домот на А.Е. каде ги забележале лицата З.А. и Е.А.…

повеќе...

Светски ден за превенција од насилство врз децата и Светски ден на детето

Првата детска амбасада во светот Меѓаши веќе 14 години заедно со 240 граѓански организациии од 88 земји во светот ги одбележува 19. ноември како Светски ден за превенција од насилство врз децата и 20 ноември како Светски ден на детето. Во 1959 година Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето а на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на дете то. Од 1990 година како Универзален Ден на детето се одбележува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Конвенцијата за правата…

повеќе...

Притворен охриѓанец кој и нанесол тешки телесни повреди на својата ќерка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(51) од Охрид. Него му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. На осми овој месец околу 10 часот во семејниот дом во Охрид, пријавениот започнал вербална расправија со неговата ќерка во која тој најнапред и упатил низа навредливи зборови. Потоа започнал да крши предмети од покуќнината и да ги фрла кон неговата ќерка, а во еден момент употребил и бехатон плочка со која се обидел да ја повреди. Откако…

повеќе...

Лице од Лескоец на своето семејство му се заканувало со убиство и со опожарување на семејната куќа

Согласно законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, СВР Охрид до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на лицето А.М.(51) од охридското село Лескоец, како заштитни мерки да му се изречат: отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам. По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид, Центарот за социјални работи Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при…

повеќе...

Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници

И оваа година, традиционално, ЗГ Опција Охрид ќе го одбележи 17-ти Декември – Меѓународен ден за борба против насилство врз сексуалните работници со низа активности: делење на едукативен материјал, едукативни работилници со целната група и сензитивизирање на општата популација. 17-ти Декември претставува интернационален ден за крај на насилството врз сексуалните работници од целиот свет, со цел да се обрне внимание на криминалните дејства кои се вршат врз сексуалните работници.Идејата е на Др. Ени Спринкл, а започна во САД како спомен на жртвите на серискиот убиец од Грин Ривер, Сиетл –…

повеќе...

Стоп за насилството врз жените и девојчињата!

Денес во големата сала на општина Охрид се одржа трибината насловена: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Организирана од страна на Советот на млади при општина Охрид, оваа трибина беше дел и од светската кампања „16 дена активизам – да ставиме на насилството врз жените и девојчињата – сега.“ Во почетокот, во името на организаторот присутните ги поздрави Павел Донески, ПР на Советот на млади, кој истакна дека овој настан е во функција на подигнување на јавната свест против различните форми на насилство врз жените и девојчињата за што е…

повеќе...

Трибина на тема „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“

Локалниот совет на млади при општина Охрид организира трибина на тема: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Трибината ќе се одржи на 3 декември (среда), со почеток во 11:00 часот во малата сала на општина Охрид. Свое обраќање на трибината ќе имаат: Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева, доктор по општа медицина, како и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј.“ „Со овој настан, Советот на млади се приклучува кон глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“.…

повеќе...