Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б и УЕФА А тренерска диплома

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа; УЕФА Б и УЕФА А. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или потврда од ОФС…

повеќе...

Обука за развој на претприемништвото

Општина Охрид и Секторот за ТЛЕР во рамките на проектот СЦБЕ – ТБЦ финансиран од Европска Унија, програмата ИПА – за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013, покрај работилницата која беше спроведена за изработка на SWOT анализа што ја покажува состојбата на пазарот на труд и претприемништво во Охрид , дополнително, предвидува и десетдневна обука за развој на претприемништвото. Во рамките на овој порект наменет за подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, вчера ја спроведе првата обука за развој…

повеќе...

Започнуваат обуките за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот

Во рамки на активностите за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, согласно годишната програма на Секторот за ТЛЕР за 2017, започна реализацијата на стручни обуки за невработени лица, како и обуки за преквалификација и доквалификација во соработка со соодветни институции и работодавачи, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување. Во насока на успешно остварување на планираната активност Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР спроведе анализа за побаруваните занимања во поглед на различните образовни профили и степенот на образование (вклучувајќи високообразован,…

повеќе...

Обуки за граѓанскиот активизам преку медиумска писменост во Охрид

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус од Скопје во рамките на проектот “Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост” на 12 и 13ти мај ќе организира обуки за медиумска писменост и граѓански активизам во Охрид. Целта на обуката е да ја зголеми свеста за активно граѓанско учество и поттикнување граѓански активизам за решавање на локални предизвици преку медиумско описменување. Основна цел на проектот е поттикнување на граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како…

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…

повеќе...

Обуки за искористување на ЕУ-фондовите во Охрид

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје (ИДСЦС), во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и со Организацијата на жени од Свети Николе, од денеска до 9 ноември, во Охрид, спроведува обука за проектен дизајн и за менаџмент. Обуката е дел од проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ-фондовите“. Во овој период ќе има обуки за организациите што работаат и сакаат да соработуваат со центрите за социјална работа во Ресен, Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Неготино и во Кавадарци. Обуката за организации кои работат…

повеќе...

Во Охрид се одржаа обуки за спасување на вода и прва помош од операција Флориан

Петдневната обука за спасување на вода и прва помош која од 27ми јуни во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со инструктори за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан, Манчестер, Англија се реализираше за припадниците на Граничната (езерска) полиција и членовите на Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денеска заврши со реализација на показна вежба на спасување на давеници од превртен чамец и педалинка од водите на Охридското езеро кај „старото пристаниште“. И…

повеќе...

Спасов: Со обуките за ИТ вештини невработените побрзо до работно место

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски остварија посета на тренинг центарот во СЕМОС Едукација, еден од провајдерите што помага за реализација на мерката за обуки за напредни ИТ вештини. „Сакам да ја искористам оваа можност за да ја информирам јавноста дека е распишан нов повик за мерката за Обука за напредни ИТ вештини. Продолжуваме со реализација на оваа мерка која што е одлична можност за невработените лица кои што имаат основни познавања за информатички технологии, меѓутоа сакаат…

повеќе...

Обука за едукатори за кампањата „Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“

Црвен крст на РМ во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ спроведува кампања „Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“ во чија реализација се вклучени општинските организации на Црвен крст кои ќе организираат обуки за компетентни лица на општествено одговорни позиции во сите општини во Република Македонија. Целта на обуките е запознавање со кампањата чија цел е подигнување на свеста кај населението за хуманитарните потреби за мигрантите и бегалците кои транизитираат низ нашата држава, за лицата кои се наоѓаат во центрите на граничните премини, како…

повеќе...

Стартуваат бесплатни обуки за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години

Од почетокот на следната недела стартуваат обуките за млади лица за изучување на англиски, германски и француски јазик. Првичните групи за обуки веќе се во фаза на формирање, а во следниот период лицата кои аплицираа ќе бидат известени за конкретната временска табела согласно која ќе треба да ги посетуваат обуките кои ќе се вршат од страна на специјализирани обучувачи. Обуките за млади лица до 29 години за изучување на странски јазици, но и за изучување на компјутерски вештини, се со цел подобрување на нивната стручна подготвеност, нивните стручни знаења и…

повеќе...