Активен пожар во атарот на селата Вапила, Расино и Сирула

Пожарот во атарот на селата Вапила и Расино каде гори мешана шума е активен. По интервенцијата на авионите на ДЗС во претпладневните часови дојде до смирување на пожарот и негова контрола. Меѓутоа, поради силниот ветар пожарот се обнови во правец на с.Сирула. На местото на пожарот се наоѓаат екипи на ТППЕ-Охрид и ШС Галичица-Охрид. Моментално нема опасност од загрозеност на населени места од пожарот.

повеќе...

Вечерва се палат коледарски огнови

Вечерва се палат коледарски огнови. Коледарските огнови се предвесник на Бадник. Ова е стара македонска традиција, вечерта пред Бадник да се дочека надвор, крај оган, со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за здравје и бериќет. Иако според толкувањата на црквата овие обичаи се пагански, граѓаните ги практикуваат како можност за дружење пред божиќните празници.

повеќе...

Се запали автомобил на улица „Андреја Јованоски“

Се запали автомобил на улицата „Андреја Јованоски“. Настанот се случи околу полноќ, при што реагираше противпожарната единица. За жал, автомобилот целосно изгоре, а на лице место увид изврши и охридската полиција. Причините сеуште не се познати. Покрај материјалната штета на автомобилот, предизвикана е и помала материјална штета врз друг автомобил. WebOhrid / фото: А.Андриоски

повеќе...

Трагедија во скопски Чаир: Изгоре девојче

Вчера околу 23,30 часот на ул.„Емин Дураку“ од засега непознати причини избувнал пожар во стан, во кој како последица од опожарувањето починало деветгодишно девојче. Со телесни повреди се здобиле четири лица и истите се пренесени во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Пожарот е локализиран и од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал и истиот е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...