Продолжуваат успесите на ученик од ОУ„Христо Узунов“ на Меѓународната ликовна изложба „13ти Ноември“

Успесите на ученикот Филип Настовски од II3 одд. од ОУ „Христо Узунов“ и годинава продолжија со освојувањето на втора награда на Меѓународната детска ликовна изложба „13ти Ноември“ во Скопје. На оваа Меѓународна детска ликовна изложба поканети беа ученикот Филип Настовски и неговиот ментор Славица Настоска свечено да ја подигнат наградата на отворањето на изложбата, каде присуствуваа голем број наградени ученици од целата земја, а присутни беа и амбасадори од десет држави од ЕУ. Ученикот Филип Настовски и понатаму успешно продолжува со својата креативност и се надева на уште поголеми успеси.

повеќе...

Ќе се служи света литургија за празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14ти октомври (петок), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел“. Литургијата е со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Испит за дозвола за огнено оружје за кандидати обучувани од правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“ од Охрид

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, а кои се однесуваат на полагањето на стручен испит за безбедно ракување со оружје, Министерството за внатрешни работи информира дека Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко занаење за правилно утотреба, чување и одржување на оружјето на 24.02.2016 во 14 часот во просториите на Испитниот центар “Asseco-see“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. На овој испит ќе бидат кандидатите од Охрид кои се оспособиле во правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“…

повеќе...

Охриѓанецот Климент Махоски е еден од најдобрите дипломирани студенти на УКИМ

На денешната свеченост ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ додели награди и пофалници на најдобрите дипломирани студенти. Меѓу наградените е и нашиот сограѓанин Климент Махоски кој дипломираше на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство со средна оцена 10,00.

повеќе...

Општина Охрид со апел да не се скока во езерската вода од опасната карпа кај Канео

Со оглед на зачестените интервенции  на спасителите на вода кои се распоредени на капалиштата Канео и Потпеш, а кои се однесуваат на извлекување од  езерската вода и укажување на прва помош  на млади лица кои се повредиле од скокање во вода од карпата „Кукуле“ кај Канео , општина Охрид апелира до охриѓани и гостите во иднина да се воздржат од вакви ризични скокови со цел да не дојде до  несакани случувања со трагичен крај. Карпата „Кукуле“ е со  недоволно безбеден пристап и не е наменета за скокање. Нерамното плитко и…

повеќе...

СВР Охрид со хуманитарна акција за помош на поплавените семејства во Тетово

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Тетово. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/078/ 143-400.

повеќе...