Втора масовна „Оff Road” средба во охридскиот регион

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, активно ќе се вклучат во организацијата на втората масовна “Оff Road” средба, што викендов ќе се одржи во Охридскиот регион. Настанот, што ќе се реализира на први и втори јули годинава, е во организација на здружението „Оff Road Ohrid“, ќе има 350 учесници, 200 теренски “OFF Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји. Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко – спортски – туристички карактер а целта е претставување и…

повеќе...

Битолчанец повреден изведувајќи градежни работи во верски објект во Охрид

На 18.04.2017 година во 14.30 часот во Охрид, Д.К. (51) од Битола, изведувајќи градежни работи во верски објект ул. „Св.Климент Охридски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префлен во болницата „Св.Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.

повеќе...

Кривични пријави за две лица од Охрид поради разбојништво во казино

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (36) и Ф.А. (24), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР. На 10.02.2017 година околу 06.50 часот во казино во Охрид, откако пријавените го забележале С.С. (54) од Охрид дека ги искоцкал парите и отишол на банкомат да извади други, и при влез во казиното физички го нападнале одземајќи му 10.000 денари нанесувајќи му тешки телесни повреди.

повеќе...

Стружанец заработи кривична пријава поради неизвршување судска одлука и одземање малолетник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б. (38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“ и „одземање малолетник“. На пријавениот со судско решение од 2016 година, издадено од Основен суд Охрид, изречени му се привремени мерки на заштита од семејно насилство. Тој имал забрана да врши секаков вид на семејно насилство, да се заканува дека ќе изврши семејно насилство, физички да ја напаѓа неговата поранешна сопруга, забрана да се приближува до 100 метри од нејзиниот дом, забрана да ја малтретира, вознемирува, навредува или…

повеќе...

Средба на градоначалникот Бакрачески со јапонска делегација

Јапонската делегација предводена од генералниот директор на Музејот на езерото Бива, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Јапонските експерти се во посета на Охрид, како резултат на несебичното залагање на Македонската амбасадорка во Јапонија, Андријана Цветковиќ, за воспоставување на научно -истражувачка соработка помеѓу Музејот од Кусатцу и Хидробиолошкиот Завод од Охрид. „Денес во посета на општина Охрид на покана на општината и Хидробиолошкиот Завод, престојува делегација на Музејот на езерото Бива од Јапонија, претставена од директорот на оваа институција, д-р Тори Шинохара. Посетата претставува продолжување на соработката што ја…

повеќе...

Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М.(35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во ноември 2015 година, извршен е претрес во домот и возилото на пријавениот при што пронајдена е наркотична дрога марихуана во количина од 88,79 грама.

повеќе...

Амбасадорот на САД во посета на ОО на СДСМ Охрид

Во рамки на својата работна посета на Охрид, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли ја посети Општинската организација на СДСМ Охрид, каде што оствари средба со Томислав Тунтев, Претседател на ОО на СДСМ Охрид и Пратеник во Собранието на Република Македонија, и Ѓоко Танасоски, Член на Извршниот Одбор на СДСМ и Шеф на општинскиот изборен штаб. Домаќините го информираа амбасадорот за активностите на локалниот огранок на СДСМ во Охрид и му ги предочија партиските ставови и гледишта за предизвиците и очекувањата во очи на претстојните вонредни парламентарни избори на…

повеќе...

Претставници од „CRESSIDA” проектот во посета на Општина Охрид

Во рамки на регионалната работилница која е дел од проектот „CRESSIDA“, денес, нејзини претставници остварија посета на општина Охрид. На средбата со заменик градоначалникот Ангел Јанев, беше разговарано за учеството на локалните власти во имплементацијата на еколошката отпорност кај локалните заедници. Од страна на претставниците на проектот, беа презентирани можни начини, за унапредување на еколошката отпорност како и меѓусебната соработка на државите со меѓународни водени текови за заштитата од поплави.

повеќе...

Работник се повредил при пад од скеле во Охрид

Вчера околу 16.00 часот во болницата Св.Еразмо – Охрид бил донесен Д.И. (56) од с.Зрновци, кочанско, кој при вршење на градежни работи на објект во болницата паднал од скеле во висина од 1.80м, а врз него паднала греда. Веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска. Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помо, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на…

повеќе...