Градоначалникот Бакрачески на средби со жителите од неколку месни заедници

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид и директорите на јавните претпријатија, денес остварија средби со жителите од месните заедници Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Коњско и Рача. Ваквата практика на директна комуникација со граѓаните која ја практикува градоначалникот е значајна бидејќи токму жителите имаат можност активно да учествуваат во креирањето на програмата за комунален развој. Денешната средба беше искористена и за таргетирање на приоритетните проблеми кои месното население ги има како и можни решенија. Најчесто како потреба беа посочувани изградбата на потпорни ѕидови, поставување на…

повеќе...

Известување за продолжување на решенијата за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување

Согласно законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/2004, 89/2008) со кој се уредуваат условите и начинот на вршењето на угостителската дејност односно давањето услуги за сместување според член 33 став 1 важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување трае 3 (три) години од денот на изготвувањето на истото. Физичките лица кои согласно одредбите на овој закон вршат угостителска дејност се должни по истекот на важноста на Решението да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација…

повеќе...

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј , како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (познат и како Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во православната македонска и општо во сесловенската историја. Во првата половина на IX в. словенските земји на Балканот биле своевидно јаболко на раздор меѓу…

повеќе...

Во петок ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на 15ти април (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци. Третирањето ќе биде од земја во…

повеќе...