Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација. И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7. Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома. Деновиве, може…

повеќе...

Пригодни подароци за првороденото бебе во 2017 во Охрид

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, денес на Гинеколошкото одделение во болницата во Охрид, во име на Општина Охрид, на првороденото бебе во 2017 година, му врачи чек од 10 илјади денари и пригодни подароци. Првороденото бебе во новата 2017 година во Охрид е девојче, прва рожба на мајката Нела Василевска Најденовска, а дојде на свет на први јануари во 14 часот.

повеќе...

Подароци за новороденчињата во Охрид кои се родија во текот на Неделата на Црвениот крст

Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, ОО на Црвен крст на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави,…

повеќе...