Ставрески: Ги подобруваме условите за развој на спортот во Охрид, работењето на клубовите и развој на спортскиот туризам

Основниот услов за спроведување на активности од областа на спортот, физичкото воспитување и рекреација, е постоењето на доволен број спортски објекти. Работата на спортските организации е невозможна, без адекватен спортски објект. За таа цел, создаваме модерен спортски комплекс во рамки на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ кој ќе опфаќа отворени и затворени спортски објекти, кои ќе бидат физичка, функционална и техничко-технолошка целина со сите потребни инсталации, реквизити и опрема наменети за различни спортски активности. Ова го истакнана денешната прес-конференција, кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата, Сашо Ставрески. „Со вложувањето…

повеќе...

Арнаудов: Набрзо ќе се реализираат проектите кои се од витално значење за Охрид

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и Пратеник од ВМРО ДПМНЕ Др.Љубен Арнаудов денес одржа прес-конференција пред мостот на каналот Студенчишта на која укажа на дел од ветувањата кои ги дале во изборната кампања. Тој потенцира дека тоа се ветувања и проекти кои во целост произлегуваат од реалната потреба на граѓаните.  „Би сакал да потсетам на дел од главните проекти за градот Охрид, проекти кои се од витално значење и кои преставуваат визионерска идеја за развој на нашиот град Охрид. Проектирање и изградба на МАРИНА во Охрид е проект кој ќе…

повеќе...

Меѓународна министерска конференција „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа”

Вчера и денеска, во Софија, Република Бугарија, се одржува Меѓународна министерска конференција: „Соочување со демографските предизвици во земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа” која што е организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика во партнерство со Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а под покровителство на бугарското претседателство со канцеларијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Свое учество на министерката конференција зеде и министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски која говорејќи на темата рече дека во последните децении, Република…

повеќе...