Кои се желбите на охридските пратеници во Новата 2017 година?!

Последните денови од старата година ги користиме за да се потсетиме на годината што изминува, но и да си посакаме уште поубави желби во Новата година која ни претстои.  Какви се предновогодишните размислувања и кои се желбите на четворицата пратеници од Охрид, Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев од СДСМ, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме од одговорите на следните прашања кои им ги поставивме: По што ќе ја паметите годината која измина? Што очекувате, кои се вашите желби во Новата 2017 година? Вашата порака до граѓаните на Охрид и…

повеќе...

Буџетот за 2017 година донесен по еден час расправа и со само три дискусии

Со 72 гласа „за“ и со 37 гласа „против“, Собранието денеска го изгласа најбитниот финансиски документ за државата – Буџетот за 2017 година – по околу еден час расправа и дискусија на само тројца пратеници. По образложението на министерот за финансии, Кирил Миноски, дискутираа само пратениците Горан Сугарески од СДСМ, Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ и Орхан Ибрами од ДПА. Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за буџетот, според кој, како што рече, е во прилог на македонската економија и е за поддршка на странските и на домашните компании. Го истакна предвиденото…

повеќе...

Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик

Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза. „Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска“…

повеќе...

Усвоени измените на Законот за угостителската дејност

На пленарната седница на Собранието на Република Македонија одржана вчера по предлог на пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски беа усвоени измените на законот за угостителската дејност со кој се решава деценискиот проблем на станоиздавачите во Охрид и останатите туристички места. Имено, во 2008 година направена е измена на законот во која се предвидува дека на физичките лица во еден објект што се под заеднички покрив, може да се издаде само едно одобрение за вршење на оваа дејност. Со примената на оваа одредба се наиде на реален проблем кај голем…

повеќе...

Раководството на „Охридско лето“ оствари средба со пратениците од Охрид Николовски и Василевски

Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска денеска оствари работна средба со пратениците Алесандар Николовски и Сашо Василевски при што ги информира за досегашните подготовки околу 55-тото јубилејно фестивалско издание. Заблагодарувајќи им се за нивната поддршка, Јанкуловска ги информира пратениците од Охрид дека подготовките се веќе завршени и оти фестивалот може да започне така како што е планиран. „И минатите години а и претходно бевте со нас и постојано доаѓате за да не поддржите и да се информирате околу подготовките на фестивалот. Тоа нам многу ни значи. Ве пречекавме во…

повеќе...

Охридските пратеници Николоски и Василевски на средби со граѓаните

Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од претставници на централните и локалните инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско. Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец и Велгошти, а во Ресенско населените места…

повеќе...

Охридските пратеници се запознаа со атрактивната фестивалска програма

И годинава на фестивалот ќе имаме музички уметници од светски ранг. Врвните оперски ѕвезди, сопранистката Барбара Фритоли и славниот изведувач на улогите од Вердиевите опери Лео Нучи ќе го отворат Фестивалот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вчера во рамките на посетата во Дирекцијата на Фестивалот на охридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски им ја презентираше програмата и атрактивните настани кои ќе бидат дел од Охридско лето 2014.  Публиката, како што рече Јанкуловска, ќе има можност да го види концертот на светски познатиот пијанист Максим Мрвица, кого уште го…

повеќе...

Охридските пратеници на средба со директорката на „Охридско лето“

Националната установа – „Фестивал Охридско лето“, од оваа година ќе функционира без долгови. Благодарение на успешното менаџирање и поддршката на надлежните државни институции, успеа да го расчисти долговите кон доверителите, што секако се очекува да придонесе за поуспешо работење на институцијата, но и подобрување на програмските содржини предвидени за идните фестивалски изданија. Признание за успешното функционирање стигна и од пратениците од Охрид во македонското Собрание, Александар Николовски и Сашо Василевски кои денеска остварија работна средба со директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска. Охридските пратеници и раководството на „Охридско лето“ заедно…

повеќе...