Во Охрид ќе се спроведе превентивна системска дератизација

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 , 99/2009, 149/2014 и 150/2015) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид на ден 05.09.2017 год. и 06.09.2017 ќе спроведе системска дератизација. Со оваа дератизација ќе бидат опфатени стариот дел на градот, населба Билјанини извори, Гоце Делчев, Воска и Далјан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Маршал Тито, Македонски просветители, Момчило Јорданоски, Прва македонска ударна бригада.

повеќе...

Дискусија за превенција од кражби и превенција на несреќи на капалиштата на охридското крајбрежје

Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на охридското крајбрежје, се теми на состанокот што денес ќе се одржи во малата сала во општина Охрид. На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Охрид, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги и други.

повеќе...

Едукативно предавање „Живеј здраво, живеј безбедно“ во ОУ „Христо Узунов“

Во Основното училиште „Христо Узунов“, Охрид денес се одржа едукативно предавање на тема Превенција од пороци под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. „Реализацијата на овој проект е со заедничка соработка при Секторот за внатрешни работи- отсек за превенција при СВР Охрид и Локалната самаоуправа- Сектор за образование. “– вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Основна цел е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари,алкохол и дрога) по нивното здравје, но и по општата безбедност во заедницата. WebOhrid

повеќе...