Седум лица повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Седум лица, се тешко повредени во сообраќајната незгода што денес утрово во 09 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на планинскиот превој „Пресека“. Поради сериозноста на здобиените тешки телесни повреди, на Ургентниот центар во Скопје испратени се И.А. (21) и М.С. двајцата од Скопје, Б.С.(25) од скопското село Глумово и Д.В. од струшкото село Лабуништа. Со сериозни тешки повреди, во болницата во Св.Еразмо во Охрид, префрлени се Д.А. и М.Ш. и двајцата од селото Лабуништа и Н.А. (46) од селото Глумово. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно…

повеќе...

Утре ќе има прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (четврток) поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период меѓу 13.00 и 15.00 часот.

повеќе...

Забрана за движење на тешки товарни возила на Стража и Пресека

Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, додека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Од 17:00 часот патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови – Дебар и обратно, поради врнежи од снег сообраќајот е оспособен за патнички моторни возила, но во отежнати услови, додека забраната за движење на тешки товарни возила сеуште важи. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

повеќе...

Врнежи од слаб снег на патните правци кон Маврово, Крушево, Пресека и Охрид

Поради големи одрони од камења, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин. Возилата се пренасочуват по патниот правец Кочани – Виница – Делчево. На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила. На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат. Поради излевање на реката Брегалница, превентивно…

повеќе...

Поради магла намалена видливоста кај Крушево и на Пресека

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка и Маврово, но засега не се задржува на коловозот, додека во југозападниот дел од републиката врне дожд. Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има во Крушево и на планинскиот премин Пресека. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово –…

повеќе...