Продолжуваат активностите за расчистување на охридските улици од снег

Продолжуваат активностите на ЈП „Охридски Комуналец” за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Денес и вчера од раните утрински часови екипи на претпријатието беа ангажирани на попрскување на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на пешаците. Опфатени беа улиците: „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „7ми ноември“, „Гоце Делчев“, дел од бул. „Туристичка“ и во стариот дел од градот, информираат од претпријатието. Покрај овие активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење…

повеќе...

Се чистеа улиците „Кленоец“ и „Радојца Новичиќ“

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” во изминативе 10тина дена работеа на расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. „Ангажирани беа 3ца комунални работници, при што се отстрануваше трева, песок и земја на тротоарите и покрај коловозот. Целиот отпад беше уредно подигнат и депониран во вчерашниот ден од страна на службите на претпријатието.“– информираат оттаму.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека денес и утре, екипите на ова претпријатие се ангажирани на чистење на чаршијата од гуми за џвакање (мастики) на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. „Акцијата се врши во раните утрински часови кога по чаршијата нема многу посетители, а одстранувањето на гумите за џвакање го вршат 4 комунални работници со специјални шпакли.“- додаваат оттaму.  

повеќе...

Вработени во охридските јавни претпријатија на помош за настраданите во Скопје

Она што градоначалникот Никола Бакрачески го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата од 40 вработени од охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен максимално ќе бидат вклучени се додека има потреба од тоа. Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници…

повеќе...

Се поставува атмосферска канализација на пешачката патека до Горица

Јавното претпријатие „Нискоградба“, продолжува со изведување градежни активности од третата фаза на пешачката патека од Студенчишта до Горица. Се поставуваат цефки за одведуање на атмосферски води со пречник од Ф- 200 мм. Во досегашните активности од третата фаза се поставени околу 500 метри атмосферска канализација комплет со сливници, а до завршување на оваа фаза остануваат за комплетирање уште 300 метри атмосферски одвод.

повеќе...

ЈПК „Дебрца“: Водата да се користи само за неопходни потреби

Јавно претпријатие за комунална дејност „Дебрца” поради зголемената потрошувачка на вода апелира до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Поради зголемена потрошувачка принудени сме да воведеме рестрикции за следните денови во следните населени места: На ден 12.07.2016година вода нема да има во населните места Оровник и Подмоље  -На ден 13.07.2016 година вода нема да има во населеното место Горенци  -На ден 14.07.2016 година вода нема да има во населено место Оровник – Подмоље и -На ден 15.07.2016 година вода нема да има во населено место Горенци“– информираат од претпијатието.

повеќе...

Се уредуваат градските гробишта

Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градските гробишта хортикултурно се уредуваат и се чистат. По барање на граѓаните за поставување на дополнителни чешми, денес, градежната оператива на јавното претпријатие врши поставување на нови чешми во Градските гробишта.

повеќе...

Нов термин за подигнување на комуналниот отпад

ЈП „Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од 01.07.2016 година комуналниот отпад ќе го подигнува со почеток во 06:00 часот. Граѓаните се должни комуналниот отпад да го изнесат до 06:00 часот во деновите определени за подигнување на сметот на местата одредени за таа цел.

повеќе...

Бизнис средба меѓу македонски микро и мали претпријатија

Денеска, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, беше домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од Пелагониски, Полошки, Источен и Североисточен регион, што се одржа во хотел Гранит во Охрид. Целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во Проектот. Прво беше организирана посета на компанијата Унипласт во Струга, еден од учесниците во Проектот, каде сопствениците зборуваа за сопствените менаџерски предизвици. Подоцна, во х. Гранит во Охрид, учесниците во Проектот имаа можност да…

повеќе...

Б2Б средба на микро и мали претпријатија во Охрид

Утре во Охрид, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, ќе биде домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од Полошки, Пелагониски, Источен и Североисточен регион. Целта на настанот е вмрежување меѓу учесниците во Проектот. На вакви бизнис средби, тие имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки. Пред присутните ќе се обрати Билјана Дамевска, заменик директор на…

повеќе...