In Memoriam – Проф. Јованка Љаткоска

Вчера на 47 години ненадејно почина Проф. Јованка Љаткоска. „Во чест и спомен на Професор Јованка Љаткоска денес во 12:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Комеморативна седница.“– информираат од ОУ „Братство Единство“. Посмртните останки ќе бидат изложени од 14:00 до 15:00 часот во капелата на градските гробишта Охрид.

повеќе...

Јавни повици за професори по француски јазик за кратки педагошки престои во Франција и за учество на летен камп во Струга

Повеќе информации за јавниот повик за „Кратки педагошки престои во Франција 2016“ за професори по француски јазик или професори што предаваат други наставни предмети на француски јазик во државните училишта во Република Македонија, можат да се обезбедат на http://ifs.mk/mk/Home/EducationContent/610 Повеќе информации за јавниот повик за учество на “17то издание на летниот регионален универзитет во Струга“ во периодот од 4 до 8 јули 2016 година, кој нуди квалитетна педагошка обука за стотина професори од Република Македонија и соседните земји, а го организира Францускиот институт во Скопје, може да се обезбедат на…

повеќе...

Груевски: Професорите се против измените зашто се плашат од обврската за научни трудови

Мотивите на професорите да ги поддржат студентите се законските измени со кои се предвидува обврска за нив да објавуваат научни трудови во светски реномирани списанија. Со трудовите треба да покажат дека се конкурентни на европско и светско ниво, а тоа е пракса и во Словенија и многу европски земји, вели премиерот Никола Груевски. „Поголемиот мотив за поддршката го гледам во тоа што во истиот овој закон каде што се измените за државен испит има и едни други измени коишто професорите кои се дел од Пленумот не го спомнуваат, но јас…

повеќе...

Професорите од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се обучуваа за асертивна комуникација

Во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, на ден 08.11.2014 год. се одржа еднодневна обука на тема „Асертивната комуникација како фактор за подобрување на интерперсоналните односи во училиштето“. Обуката беше реализирана согласно годишната програма на училиштето и зацртаните проекти, а во насока на професионалното усовршување на стручните соработници и наставниците, како клуч за подобрување на севкупната работа во училиштето. Вработените во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ имаа можност да го збогатат своето знаење за вештините, формите и категориите за успешната комуникација како фактор за здрава училишна клима и функционална училишна култура, различните стилови на…

повеќе...

Еминентни професори од САД – приклучени во наставата по англиски јазик во ОУ „Христо Узунов“

Веќе два дена во ОУ „Христо Узунов“ престојуваат еминентни професори од Соединетите Американски Држави, кои што по нивно барање биле приклучени во наставата по англиски јазик во ова училиште. Тие одржуваат настава во повеќе одделенија од второ, вклучувајќи ги и четврто и шесто одделение, како и во другата смена од прво, трето, петто и седмо одделение. „Доста интересен пристап кон изведување на наставата, доста интересна за нашите ученици и сме благодарни на колегите од САД кои што не удостоија да одржат едни такви предавања во нашето училиште. Типот и реализацијата на часот…

повеќе...