Комеморативна седница во чест и спомен на Проф. Зоран Бачев

Во чест и спомен на Професор Зоран Бачев денес во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ се одржа Комеморативна седница. „Горди сме што беше дел од нашиот колектив, а воедно и многу тажни што прерано те изгубивме. Познавајќи те како борец, енергичен и упорен – надежта дека повторно ќе бидеш меѓу нас, меѓу своите, меѓу твоите, беше голема. Очекувавме дека повторно ќе се вратиш на работа и тоа како победник. Повторно ќе бидеш оној Баче, редовен математички точен на часовите, ведар, објективен, самокритичен и исклучително коректен. Во овие тешки моменти за…

повеќе...

In Memoriam – Проф. Зоран Бачев

По долго боледување рано утрово на 48 годишна возраст почина професорот по математика Зоран Бачев. „Во чест и спомен на Професор Зоран Бачев утре (28.05.2017 год.) во 11:30 часот во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ ќе се одржи Комеморативна седница. Се покануваат колегите, пријателите, родители, ученици да присуствуваат на истата.“ – информираат од ОУ „Братство Единство“. Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 13:00 до 14:00 часот во Капелата на градските гробишта во Охрид.

повеќе...