Кривична пријава за жител од Радолишта поради кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (38) од струшкото село Радолишта. Пријавениот, во периодот од 21-ви април до први мај оваа година, од месноста „Мартинов кутел“ во атарот на селото Вишни, противправно одзел околу 30 метри просторни огревно дрво даб и бука, исечени и наместени за дотур.

повеќе...

Пронајдена и одземена дрога од жител од Радолишта

ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (38) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.08.2016 година во Струга, на ул. „Маршал Тито“ бил извршен преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена…

повеќе...

Жител од Лескоец заработи кривична поради фалсификување пари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец. На 11-ти минатиот месец, пријавениот, во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот. По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го утврдија идентитет на сторителот, набрзо го пронајдоа и го лишија…

повеќе...

Жител од Радолишта паднал при чистење на оџак, починал на пат кон Клинички центар

Вчера околу 08.00 часот во с.Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди. Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал. Со истото возило е вратен во МЦ Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради „загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (37) од струшкото село Радолишта. На втори овој месец околу 03.оо часот, пријавениот влегол во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга и почнал да крши шишиња и чаши. Во еден момент извадил нож и почнал да замавнува кон присутните гости во објектот и да се заканува дека сите ќе ги убие. Со брза полициска интервенција, Д.Ш. е приведен по што одземен му е нож во расклопена…

повеќе...

Кривични пријави за претпријатие, управител и адвокат поради бесправно градење

СВР Охрид поднесе кривична пријава, трговското друштво за градежништво трговија и производство „Колоња“ ДООЕЛ од с. Радолишта, струшко, Ш.Р.(50) Управител на друштвото и П.С.(56) адвокат од Охрид, за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2012 година трговското друштво, управителот и адвокатот како инвеститор со Договор за заедничко вложување за изградба на колективен станбен објект со сопственици на недвижен имот на ул „Сирма Војвода“ во Охрид, започнале со градба на станбен објект. При тоа спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган и од Основниот проект, во приземјето…

повеќе...