Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) успешно го почна квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство, откако денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“ убедливо ја совлада Полска со 30-22. Избраниците на Иле Темелковски одиграа одличен натпревар во кој постојано го одржуваа рано стекнатото водство. Предводени од цврстата одбрана, нашите репрезентативци го отворија мечот со 3-0, а првиот гол во мечот го примија дури во осмата минута. Разликата се искачи на преку пет голови уште во 10 минута и со константна игра до крајот на првото полувреме, Македонија…

повеќе...

МОК обезбеди 40 илјади долари за ракометната репрезентација

Македонскиот олимписки комитет за претстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година. Нашите најдобри ракометари играат во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. „Како и секогаш силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро.“ – стои…

повеќе...

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот на СП Франција 2017

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017. Македонија обезбеди „виза“ за Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч. Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015). На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.

повеќе...

Охридските ракометари се дружеа со основците од „Христо Узунов“

Ракометарите на охридскиот клуб, денес, беа во посета на ОУ „Христо Узунов“ каде се дружеа со учениците. Нивното присуство побуди голем интерес кај учениците. Тие, пред учениците ги презентираа ракометните вештини, се фотографираа, разговараа и делеа автограми. Ваквите средби имаат за цел поттикнување на желбата кај најмладите за да се занимаваат со било каков спорт.

повеќе...