Утре започнува Интернационалната охридска регата 2017

Утре со почеток во 10:00 часот, на Градското пристаниште ќе се означи почетокот на Интернационалната охридска регата 2017. Организатор е Клубот за спортови на вода „Акватика“ во соработка со Општина Охрид. OHRID INTERNATIONAL SAILING REGATTA Notice of Race 29-30 July 2017 ORGANIZING AUTHORITY : The Organizing Authority is Yachting club “Aquatica Yachting” in conjunction with Municipality of Ohrid 1. Правила 1.1 Регатата ќе се одржи по упатството за едрење, , 1.2 , Дополнителни Упатства за едрење ќе бидат објавени на огласната табла од Регатниот Одбор. 1.3 Во случај на јазичен конфликт…

повеќе...

Викендов 15-та Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води „Охрид 2015“

Во организација на кајак кану „Стрмец“ од Охрид по повод 8-ми Септември – Ден на независноста на Македонија на 5-ти и 6-ти септември ќе се одржи 15-та меѓународна регата во кајак и кану на мирни води на Охридското Езеро. На регатата ќе учествуваат екипи од Полска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Грција и Македонија. Регатата ќе се одржи на Охриското Езеро пред хотел Милениум со почеток во 8:30 часот, во конкуренција на кадети/ки, јуниори/ки, сениори/ки во дисциплини К1, К2, Ц1 и Ц2 на 200, 500, и 2000 метри.

повеќе...

Стартуваше традиционалната 46 -та по ред Илинденска едриличарска регата во Охрид

Во организација на Едриличарскиот клуб „Бофор”, Агенцијата за млади и спорт и Едриличарската федерација на Македонија денес на Охридското Езеро стартуваше традиционалната 46-та по ред илинденска едриличарска регата. Регатата ќе се вози на потегот Горица 1 – Канео, со старт во 10 часот. Станува збор за државно првенство каде силите ќе си ги одмерат екипите на Охрид, Струга и Скопје. Тие ќе се натпреваруваат во класите оптимист, ласер 4,7 и вин сурф, едрење на даска. Учесниците на тридневниот,46-ти по ред едриличарски куп ,се натпреваруваат во сите предвидени класи за овој…

повеќе...

Традиционално ќе се одржи Илинденската едриличарска регата во Охрид

Традиционално,  и оваа година ќе се одржи Илинденската едриличарска регата – Охрид 2015. Регатата ќе се одржи на 2 август на потегот од Горица 1 до Канео, со почеток во 10:00 часот. Организатори на овој настан се Едриличарската Федерација на Македонија, Едриличарскиот клуб „Бофор“ и Агенцијата за млади и спорт. На Илинденската едриличарска регата ќе настапат клубови од Македонија, а ќе се едри во класите Оптимист и Ласер 4.7.

повеќе...

Учество на ВК „ЈУГ“ Охрид на Меѓународната регата „Тракија“ во Бугарија

Веслачите на Веслачкиот клуб „ЈУГ“ Охрид во саботата (4-ти октомври) настапија на Меѓународната веслачка регата „Тракија“ во Пловдив, Република Бугарија. На регатата освоија еден златен и три бронзени медали. Во дисциплината ергометар за кадетки Анастазија Паскали го освои првот место – златен медал. Во дисциплината скиф за кадетки Анастазија Паскали го освои третото место – бронзен медал. Во дисциплината скиф за сениорки за лесни веслачки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал. Во дисциплината ергометар за сениорки Александра Ивановска го освои третото место – бронзен медал. На регатата учествуваа четиринаесет клубови…

повеќе...

Македонските кајакари најдобри на 14–та Меѓународната регата во кајак на мирни води „Охрид 2014“

Македонските кајакари најдобри на 14 –та Меѓународната регата во кајак на мирни води „Охрид 2014“ која викендов се одржа во Охридското Езеро. На регатата која ја организираше кајкакарскиот клуб „Стрмец“ од Охрид зедоа учество 7 екипи од Бугарија, Србија ,Црна Гора и Македонија. Постигнати се следнитте резултати: Екипно: Екипно златото го освои ККК „Црн Дрим“ од Струга, среброто ККК „ЕХО“ од Охрид а бронзата домаќинот ККК „Стрмец“ од Охрид. Во поединачна конкуренција : К-1 пионери Дејан Бошевиќ – ККК „Светионик“ – Црна Гора Жупаноски Дамјан – ККК „Црн Дрим“ –…

повеќе...

Одржана традиционалната „Меѓународна Илинденска веслачка регата“

Вчера во водите на Охридското Езеро се одржа традиционалната „Меѓународна Илинденска веслачка регата“ во организација на Веслачки клуб „Југ“ Охрид. На регатата учествуваа клубови од земјата и странство и тоа : В.К. „Тракија“ Пловдив, В.К. „ЦСКА“ Софија, В.К. „Черпоков“ Пловдив – Република Бугарија, В.К. „Црн Дрим“ Струга и домакинот В.К. „ЈУГ“ Охрид. Се веслаја единаесет трки во пионерска, кадетска и јуниорска категорија во дисциплните скиф и дубалскул. Освојувачи на првите места односно златните медаљи беа: – В.К. „Југ“ Охрид освои шест златни медаљи. – В.К. „Черпоков“ Пловдив освои две златни…

повеќе...