Се реконструираат улиците во стариот дел на Охрид

Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај. Претходно беа реконструирани улиците „ Кузман Капидан“, „ Ангел Маринчев“ и „ Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „ Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.

повеќе...

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа

Градоначалникот Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат во Требеништа, каде започна да се врши Реконструкција на водоводната мрежа во селото. Согласно проектната документација предвидено е да се изгради целосно нова водоводна мрежа, со вкупна должина од 6,5 км, изведена од полиетиленски цефки со дијаметар ф-110мм, ф-90мм и ф-75мм, во моментов изведени се над 2,0 км водоводна мрежа. Реконструкцијата на водоводната мрежа во Требеништа е дел од Проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води” кој го реализира Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски…

повеќе...

Завршува реконструкцијата на Основното училиште во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на Основното училиште во Оровник, каде пред сам крај се градежните работи што се одвиваат околу целосната реконструкција на училиштето. Се работи за прва позначителна реконструкција на училиштето изградено во 1954 година. Градоначалникот истакна дека со почетокот на новата учебна година учениците од основното училиште во Оровник наставата ќе ја следат во пријатни услови и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките, ќе се штеди енергија и очекува да…

повеќе...

Завршува реконструкцијата на постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во завршна фаза е реконструкцијата на веќе постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Како што информираат од училиштето, со овој проект ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во училиштето, а секако ќе се подобри и безбедноста на учениците кои учат тука. Реконструкцијата се реализира со средства од ОУ „Живко Чинго“, а наjголем дел со средства од Црковниот одбор од Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Започнаа градежните активности околу проектот за реконструкција на улици во Ботун

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во с. Ботун, Општина Дебрца, каде што се одвиваат градежни активности околу изградбата на атмосферската канализација, која е дел од проектот за реконструкција на улици во с. Ботун со должина од 1 км. Атмосферската канализација ќе биде изведена со бетонски цевки со попречен профил од 1000 мм, со вкупна должина од околу 300 метри, информираат од Општината. „Согласно динамиката за изведување на градежните активности покрај изградбата на атмосферската канализација проектот предвидува крпење на ударните дупки и надградба над постојниот асфалт со нов…

повеќе...

Во тек е реконструкција на улицата „Сирма Војвода“

Градежните активности за реконструкција на улицата „Сирма Војвода“ течат во полн ек. Во моментов ЈП „Градски гробишта“ работи на поставување и изгррадба на тротоарските површини од едната страна на улицата а течат и активностите за нејзино тампонирање. Се очекува во текот на оваа работна недела ГП „Сењак“ од Кичево да пристапи кон асфалтирање на улицата во должина од 250 метри и ширина од шест метри ,или повеќе од 1500 квадратни метри. Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Никола Бакрачески се изведува во рамките на Годишната програма за работа на…

повеќе...

Реконструирана Галеријата „Никола Мартиноски“ и ограден Македониумот во Крушево

Целосно е завршено реконструирањето на Галеријата „Никола Мартиноски“ во Крушево, a завршува и обновата на уште една фасада на куќа од староградска архитектура, досега седма во овој град. Направена е и ограда околу Македониумот – споменикот на Илинден, кој ќе почне да се реконструира откако ќе заврши тендерската постапка. По повод овие проекти кои се реализираат со средства од Министерството за култура, Крушево го посети министерката Елизабета Канческа-Милевска. На промовирањето на реновираната Галерија „Никола Мартиноски“, која го носи името на познатиот крушевчанец, еден од основоположниците на современата македонска ликовна уметност,…

повеќе...

Реконструкција на патни правци со 52 милиони евра од Светка банка

Македонија ги доби првите срдства во износ од 52 милиони евра наменети за израдба и реконструкција на патишта во земјава од Стратегијата за партнерство со Светска банка вредна 400 милиони долари. Договорот за користење на средствата од Светска банка наменети за изградба и реконструкција на патишта во Македонија го потпишаа денеска директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурајкова, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски. Со овие средства, како што појаснија, ќе се финансира изградба на патните правци…

повеќе...