РФМ ја исплати премијата на Младинската репрезентација за успехот на СП во Алжир

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата на Машката младинска репрезентација на Македонија, за пласманот на шестото место на Светското Првенство во Алжир 2017 година. По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на репрезентацијата и 1.000 евра премија на селекторот Иле Темелковски. Дополнително, РФМ ги реализираше и наменските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт за награда за Младинците во вредност од 1 милион денари. Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, на Светското Првенство што се играше во Алжир…

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017. Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето беа извлечени финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017. Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор…

повеќе...

РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот во втората фаза на СП Франција 2017

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот во втората фаза на Светското Првенство во Франција 2017. На Мундијалот што се играше во јануари 2017, Македонија успешно ја мина групната фаза со победите над Тунис, Ангола и нерешениот исход со Исланд, со што се пласираше во осминафиналната елиминациска фаза. Во осминафиналето, Македонија беше поразена од финалистот на Светското Првенство, репрезентацијата на Норвешка. Ова беше петто учество на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија…

повеќе...

Живко Мукаетов реизбран за претседател на РФМ

Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов. Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет. „Сакам да се заблагодарам на генерациите…

повеќе...