WebOhrid е номиниран во три категории за „Сајт на годината 2016“

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами…

повеќе...

Кривична пријава за скопјанец кој “хакирал“ веб сајт

Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централните полициски служби во Биро за јавна безбедност при МВР до Основното јавно обвинителство на Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Т. (44) од Скопје, за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во текот на јуни минатата година А.Т. неовластено навлегол со администраторски корисник во компјутерски систем – компјутерска серверска единица „WIN-KLS5VM0LT8C“ во сопственост на компанијата „Некстсенс ДОО“ од Скопје на која била хостирана Интернет страницата www.exploringmacedonia.com и…

повеќе...

Со Вашиот глас WebOhrid нека биде „Сајт на годината 2014“!

Почитувани читатели и посетители на нашиот сајт! Нашиот медиум WebOhrid благодарение и по заслуга на сите вас постои веќе полни 2 години. Вие нé следите секој ден и сите овие 730 денови и секојдневно сте тука за да можете да се информирате, да прочитате и да видите како ние Вам ви ги пренесуваме сите важни локални и светски настани. Сме го правеле тоа за вас и за вашата љубопитност и денес, поради тоа сме горди на вас и со тоа горди на постоењето на WebOhrid! Токму затоа денес имаме оправдано…

повеќе...