Нови улични светилки во Охрид

Деновиве во Охрид се врши заменување на светилките на уличното осветлување, односно досегашните светилки кои светеа жолто се заменуваат со бели ЛЕД светилки. Со новите улични ЛЕД светилки ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, со која што Општина Охрид склучи договор за наредните 15 години. WebOhrid

повеќе...

Охриѓани ќе добијат современо улично осветлување

Со изгласување на одлуката за избор на приватен партнер започнува постапката за модернизирање на јавното осветлување во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување ќе го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, која уличното осветлувањето ќе го добие на 15 години користење. Согласно физибилити студијата, приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување. Тоа вклучува замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски ефикасни светилки и дополнителна изведба на 620 нови сијалични места. Замена на постојните конзулни држачи…

повеќе...

Јавното осветлување во Охрид редовно се сервисира

Екипи на Јавниот приватен партнер на Општина Охрид за јавното улично осветлување заедно со стручните лица од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици во текот на летниот период имаат зголемен обем на работа при санација на дефекти и замена на дотраени улични светилки со нови по целата територија на Општина Охрид. Деновиве поради шпицот на летната туристичка сезона како резултат на зголеменото оптоварување на електричната енергија се јавуваат повеќе дефекти на различни делови од Општината, но заради зголемениот степен на координација помеѓу Секторот за комунална дејност и екипите што работат…

повеќе...

Ефикасно одржување и инвестирање во уличното осветлување

Согласно програмата за развој и работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид јавното осветлување претставува еден од клучните приоритети. Нормалното функционирање на јавото осветлување на територијата на општина Охрид е основната појдовна точка по која се раководи Секторот  за комунални дејности,сообраќај и улици. Во изминатиот период на полето на јавното осветлување секторот за комунални дејности сработи многу,но значајно е да напоменеме дека согласно зацртаната програма остануваат уште неколку важни аспекти за комплетирање на истата на полето на јавното осветлување. Според договорот за јавно-приватно партнерство со економскиот…

повеќе...