Се урна авион во Русија, загинаа сите 62 патници и членови на екипажот

Сите 62 патници и членови на екипажот загинаа, кога авион од типот „боинг 737-800“ на авиокомпанијата „Флај Дубаи“ се урна рано изутринава при обид за слетување на аеродромот во рускиот град Ростов на Дон. Руското министерство за вонредни состојби инфромира дека авионот, кој летал на релација од Дубаи до Ростов на Дон, се урнал во 3.50 часот по локално време, при вториот обид за слетување на аеродромот. Во соопштението се посочува и дека најголем дел од патниците во латалото биле руски државјани. Од вкупниот број загинати патници, 44 биле Руси,…

повеќе...

Македонија на 39. место во светот за водење бизнис

Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ објави листа на најдобри земји за бизнис (The Best Countries for Business). Македонија се најде на 39. место, пред Србија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и БИХ. Словенија е на 20. место, САД се на 22. позиција, Австрија е на 28. место, Унгарија на 42. место, под редните броеви 44, 45 и 46 се Романија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора е на 49. позиција, Грција го има 50. место, Албанија е под реден број 69, БИХ е на 78. место, а соседна Србија е дури на 83. место.…

повеќе...

Започна реализацијата на Проектите поддржани од Светска банка

Со почеток на градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“ денеска официјално беше означен почетокот на реализацијата на проектите кои во соработка со Владата на Р. Македонија се подржани од Светска Банка. Почетокот на реализацијата на проектите за кои се обезбедени 128 милиони денари го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Денес почнуваме со реконструкција на улицата „Питу Гули“ каде ќе се реконструираат и тротоарите. Наредниот период во Општина Охрид ќе бидат реконструирани и два кружни токови, едниот на прекрстувањето меѓу…

повеќе...

Денес е Меѓународен ден на среќата: Овие 10 трикови ќе ви помогнат секогаш да бидете весели и насмеани

Среќата може да се научи и да се вежба. Почнете уште денес, зошто денес е Меѓународен ден на среќата. Овие 10 трикови, кои се резултата од истражување на 100 најпознати светски психолози, учители и духовници, ќе ви помогнат да научите  како насмевката да не ви се симнува од лицето. Среќата ја прават малите работи, секојдневни ситници на кои често и не обврнуваме внимание. Ако сакате да се чувствувате подобро и генерално да бидете посреќна личност, за тоа не ви е потребно многу. ПРИФАТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ Истражувањата покажаа дека среќните луѓе…

повеќе...

Србија: 24 жртви на грип, прогласена епидемија во неколку региони

Педесет и осум годишна жена од Нови пазар е 24-тата жртва на грип во Србија, пишуваат српските медиуми. Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на грип во Шумадија, поради зголемениот број на заболени од грип. „Минатата недела во Шумадија се евидентирани 780 заболени од грип“, изјави директорот на Институтот Предраг Делиќ и наведе дека од октомври до денеска вкупно 8.780 граѓани имале проблеми со респираторните органи. Поради зголемениот број на заболени епидемија на грип е прогласена во три центри за јавно здравје, во Пожаревац, Ќуприја и Крагујевац. Засега нема услови…

повеќе...

Министерот Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 2 до 5 март 2015 година, ќе учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој ќе се одржи во Барселона. Тој ќе има обраќање на панел сесијата „Резултати од потрошувачката како производ на конкуренцијата во мобилниот сектор„. Главна тема на собирот е стимулирање на иновациите, со цел нивно поврзување со општеството, при што акцент ќе биде ставен на мобилниот сектор и политичките и регулаторните услови, кои овозможуваат развој на мобилните технологии и услуги. Министерот Ивановски ќе има состаноци со високи владини…

повеќе...

Најдобри хотели во светот според Trip Advisor

Секоја година се состава листа на најдобрите хотели на светот, а листата зависи од оценките на посетителите на туристичкиот сајт Trip Advisor и нивните критики за квалитетот и услугите на хотелите кои ги посетиле. Погледнете ја листата на најдобри хотели

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и Фуере разговараа за светска промоција на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески и поранешниот евроамбасадорот во Република Македонија Ерван Фуере , синоќа во„ Куќата на Уранија“ имаа работна средба на која разговараа за идните активности за промоција на Охрид , како атрактивна туристичка дестинација интересна за странските туристи од многу земји од светот. На средбата на која присуствуваа и председателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњановска, заменик градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, заеднички беше констатирано дека, како резултат на взаемно договорено лобирање, престижниот „ Њујорк Тајмс“ ,неодамна објави…

повеќе...

Пожар на грчки ферибот со 466 патници

На грчки ферибот, со 466 патници и членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал во близина на островот Крф во Јадранско Море. Според локалните медиуми огнот избувнал во просториите под палубата на бродот и брзо се проширил. Капетанот испратил сигнал за помош и наредил итна евакуација. Според локалните власти евакуацијата е во тек, и во неа учествуваат неколку бродови и хеликоптери. Засега нема информации за жртви. Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, пренесувал 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, од источното грчко…

повеќе...

„Форбс“: Македонија најдобра во регионот, а 31-ва во светот за водење бизнис

Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин „Форбс“ за најдобри земји за бизнис, што претставува подобрување за пет позиции во однос на минатата година. Според „Форбс“, Македонија е најдобра држава за бизнис во регионот и е рангирана пред Бугарија која е на 42 место, Хрватска на 46, Црна Гора на 48, Турција на 50, Грција на 51, Албанија на 58, а БиХ и Србија на 84 место. По одделни идикатори, Македонија има највисока, трета позиција, за бирократски процедури, на…

повеќе...