Повторно почувствуван земјотрес во Охрид со епицентар кај Скребатно

Денес попладне, во 15:10 часот во Охрид беше почувствуван нов земјотрес. Неговиот епицентар е како и претходните Почувствувани два земјотреси во Охрид од пред два дена, 5 километри југоисточно од Косел, односно кај селото Скребатно. Неговиот интензитет изнесуваше 3.7 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри. WebOhrid

повеќе...

Почувствувани два земјотреси во Охрид

Два земјотреси беа почувствувани во Охрид во период од 6 часа. Првиот беше синоќа во 02:00 часот, додека пак вториот утрово во 08:00 часот. Првиот земјотрес беше со интензитет од 3.4 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри, со епицентар на 9 километри источно од Охрид; додека пак вториот беше со интензитет од 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри, со епицентар кај селото Скребатно. WebOhrid

повеќе...

По четврти пат одржана манифестацијата „Охридска софра 2016“

Со палењето на ѓомлезарските огнови, утринава во 8 часот, на просторот до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Скребатно, започна четвртата туристичко- промотивна манифестација „Охридска софра“. Манифестацијата, што традиционално ја организира Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој,со помош на бројни спонзори и донатори, помина во несекојдневно дружење и уживање во вкусовите на традиционалната охридска кујна и музиката на групата „Низалка“, во прекрасниот манастирски амбиен каде природата се распослала со сета божествена убавина. Туристичко промотивната манифестација „Охридска софра“ во присуство на учесниците и бројните гости, меѓу…

повеќе...

Утре во Скребатно ќе се одржи „Охридска софра“

Организираната промоција на локалните специјалитети и традиционалните рецепти за подготовка на познатото ѓомлезе, годинава ќе бидат промовирани на манифестацијата „Охридска софра“ која во сабота ќе се одржи во селото Скребатно. Подготовките за годинешната манифестација се завршени, а се очекува „Охридската софра“ да биде посетена од голем број граѓани, гости и туристи. Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а посебно жири ќе одлучува за највкусното ѓомлезе. Годинава, во натпреварувачкиот дел за подготовка на ѓомлезето пријавени се 12 учесници. Официјалниот почеток на манифестацијата е 09 часот кога започнува припремата на ѓомлезето и традиционалните специјалитети…

повеќе...

Организиран превоз за граѓаните кои сакаат да бидат дел од „Охридска софра“

Во сабота (03.09.2016) во селото Скребатно, во организација на Секторот ТЛЕР при општина Охрид, традиционално ќе се одржи „Охридска софра“ на која 12 учесници ќе подготвуваат еден од најпознатите традиционални прозиводи кај гостите и туристите – Ѓомлезето. За граѓаните кои сакаат да ја проследат Манифестацијата , општина Охрид организира беспалетн превоз до селото Скребатно. Тргнувањето е во сабота (03.09.2016) во 09:45 часот пред Охридска банка – превозник „Омега Експрес“ и 10:00 чаот пред Домот на култура во с. Лескоец. Се очекува ваквите манифестации да придонесат за реализација на целите за…

повеќе...

Продолжува традицијата за празникот Голема Богородица во Скребатно

Во кругот на црквата Св. Богородица во село Скребатно, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, се одржува голем црковно народен собир. Секоја година повеќе од 5 000 луѓе, присуствуваат на ручекот кој што го организира Црковниот одбор. По тој повод, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за одбрана, Зоран Јолевски и пратеникот Сашо Василевски како и илјадниците верници присуствуваа на празнувањето на овој голем христијански празник. Празнувањето на овај празник во селото Скребатно е збогатено и со богата културно – забавна програма.

повеќе...

Започнува пријавувањето за годинешната „Охридска софра“

На 3ти септември (сабота) во с. Скребатно традиционално ќе се одржи Mанифестацијата „Охридска Софра” каде што на гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од туристичка понуда на охридскиот регион. Манифестацијата претставува промотивен настан на традиционален рецепт за подготовка на познатото охридско ѓомлезе, а истовремено и одлична можност за промоција на туризмот во руралните средини. Овој настан ќе има натпреварувачки карактер и за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина при…

повеќе...

По трет пат одржана „Охридска софра“ во Скребатно

Во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ кај селото Скребатно, по трет пат се одржа туристичко- промотивната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид и со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона. Целта на настанот е збогатување на туристичката понуда преку промоција на традиционалната охридска кујна со подготовка на локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето. Годинава во подготовка на ѓомлезето учествуваа 15 мајстори а специјалната тричлена комисија за најдобро го избра ѓомлезето на Јорданка Тодороска која освои парична награда од 10.000 денари. Второто…

повеќе...

Традиционално одбележан празникот Голема Богородица во Скребатно

Традиционално илјадници верници денес се собраа во селото Скребатно околу црквата за да го одбележат големиот христијански празник  „Успение на Пресвета Богородица“ – Голема Богородица. Свеченостите започнаа синоќа со пригодни манифестации во црквата, а голем број верници традиционално ноќта ја поминаa под шатори, во атарот на селото Скребатно. А.Андриоски

повеќе...

Се одбележува празникот Голема Богородица

Христијанските верници денес го празнуваат празникот „Успение на Пресвета Богородица“- Голема Богородица. По тој повод синоќа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Скребатно голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. И денес верниците се упатуваат кон црквите за прославување на овој голем празник. Инаку, верниците во Скребатно ги забавуваше естрадниот уметник Спасен Силјаноски. Нека е за многу години! А. Андриоски

повеќе...