Во Охрид ќе се одржи Семинар на ракометни тренери

На 10 и 11 јуни 2017 година во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи Семинар на ракометни тренери. Рокот за пријавување на Семинарот е 20 мај 2017 година.

повеќе...

Охрид домаќин на ракометниот Фајнл Фор турнир за кадетки

Завршниот ракометен турнир во Кадетска женска конкуренција (генерација 2000 и помали) ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид во недела, 2 април 2017 година. Организатор на Фајнл Фор турнирот е екипата на Лихнид 2012. Распоред на натпревари (02.04.2017): (Полуфинале, 11:00) Металург – Лихнид 2012 (Полуфинале, 12:45) Куманово – Вардар СЦЈС (Натпревар за 3 место, 18:00) (Финале, 19:45)

повеќе...

Започна изградбата на нова спортска сала во Лабуништа

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, заменик министерот Спиро Ристовски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваа на поставување камен темелник за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мурат Лабуништа“ во струшкото село Лабуништа. Салата ќе се простира на површина од 1.300 метри квадратни и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг и гимнастика. За изградбата на спортскиот објект Министерството за образование и наука обезбеди 42 милиони денари, а дополнително се инвестираат и 12 милиони денари за изградба на потпорен ѕид од…

повеќе...

Победа на РК „Охрид 2013“ против РК „Работнички“

Ракометарите на „Охрид 2013“ забележаа победа против „Работнички“ во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Во цврст натпревар, охриѓани прикажаа подобра игра, водеа во текот на целиот натпревар и успеаа да забележат победа. Првото полувреме го добија со 12-9, додека пак до крајот успеаа предноста да ја зголемат и да го добијат натпреварот со резултат 24-20. Металург и Охрид 2013 го делат првото место од ВИП Суперлигата со по 24 бодови, но тимот на Металург има 2 натпревари помалку. WebOhrid

повеќе...

КК „АВ Охрид“ во сабота ќе игра против КК „Пелистер“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ во сабота (31 октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го одигра вториот натпревар во Втората Македонска кошаркарска лига, против екипата на „Пелистер“ од Битола. Од клубот ги покануваат сите љубители на кошарката да дојдат во сабота во 19:00 часот и да ги бодрат охридските кошаркари. WebOhrid

повеќе...

Висока победа на РК Охрид 2013 против РК Прилеп 2010

Ракометарите на Охрид 2013 вечерва забележаа висока победа против тимот на Прилеп 2010. Во Спортската сала „Билјанини Извори“, охридските ракометари победија со високи 30-22 во седмиот натпревар во ВИП машката Суперлига. Охрид беше подобар противник од Прилеп. Првото полувреме беше неизвесно, но Охрид го доби во своја корист со резултат 12-9. Во второто полувреме Охрид 2013 успеа да прикаже уште подобра игра, со поефикасен напад, но и со поцврста одбрана. Разликата од 3 голови на полувреме на крајот стигна и до 8 голови предност за победа на Охрид со конечен резултат 30-22.…

повеќе...

МЗТ Скопје го освои Хуавеј Супер Купот со убедлива победа над вечниот ривал Работнички

Актуелниот шампион МЗТ Скопје е освојувач на првиот трофеј во новата сезона од Мак Баскетот, пехарот во Хуавеј Супер Купот. Металците во финалето славеа победа над вечниот ривал Работнички со 81-62 и сосема заслужено го освоија престижниот трофеј од Хуавеј Супер купот. Подмладениот тим на Работнички само едно полувреме беше рамноправен ривал на актуелниот шампион. Квалитетот и долгата клупа на МЗТ Скопје дојде до израз во второто полувреме кога избраниците на Алеш Пипан го скршија отпорот на дотогаш рамноправниот противник. Капитенот на МЗТ Скопје, Марко Симоновски со неколку поени во…

повеќе...

Македонија убедлива и против Украина

Уште еден убедлив триумф на македонската сениорска кошаркарска репрезентација на турнирот во Охрид. Синоќа во салата „Билјанини извори“ нашата најдобра селекција ја декласираше репрезентацијата на Украина со 81-51. Кошаркарите на Украина само на стартот на мечот беа достоен ривал на црвено жолтите. Нашиот тим доминираше на теренот во салата „Билјанини извори“ во Охрид до крајот на средбата. Избраниците на селекторот Марјан Србиновски со цврста одбрана и одличен напад од минута во минута го зголемуваа водството и на крајот ја декласираа Украина со 81-51. Сигурната победа нашиот тим ја оствари без…

повеќе...

Откриени неправилности во работењето на пет обложувалници на подрачјето на СВР Охрид

Со цел контрола врз нелегални обложувалници, вчера заедничка координирана акција, СВР Охрид реализира со УЈП. Контрола беше извршена во дваесет обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа, при што во вкупно пет објекти-обложувалници беа констатирани прекршоци согласно законот за игри на среќа и забавни игри. Една обложувалница во Центар Жупа и две обложувалници во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган. Во обложувалницата во општината Центар Жупа одземени се 5 телевизори, 2 компјутери, еден принтер, 4548 денари и друга…

повеќе...