Македонците се наоѓаат во PayPal заблуда

Поминаа точно две години откако PayPal „пристигна“ во Македонија. Но, дали овој сервис функционира за Македонците!? Да, доколку сакате да ставите пари од вашата картичка и да купувате или плаќате на интернет. Не функционира, доколку работите нешто преку интернет и сте заработиле одредена сума на пари кои сакате да ви бидат исплатени на вашата PayPal сметка, или пак доколку некој друг сака да ви префрли средства од негова сметка. На тоа прашање, WebOhrid побара детално објаснение од страна на PayPal. WebOhrid: Дали Македонците не можат да примаат средства на своите PayPal…

повеќе...

За рурален развој Македонија доби 20 милиони евра неповратни средства од ЕК

Европската комисија и додели 20 милиони евра грант на Македонија за развој на земјоделството и руралните општини, кои ќе бидат искористени во рамки на два проекта – едниот наменет за инфраструктурни проекти во рурални општини и вториот за наводнување како дел од ИПАРД програмата. Со потпишувањето на овие два договора, секоја од руралните општини ќе добие по 240.000 евра, додека урбаните општини по 120.000 евра. Договорите денеска во Министерството за финансии ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставерски, вицепремиерот за евроинетрации Фатмир Бесими, шефот на делегацијата на ЕУ…

повеќе...

Ставрески: Средствата од ЕБОР потврда за перспективите на македонската економија

Бордот на директори на Европската банка за обнова и развој вчера и одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финасирање на инфраструктурни проекти од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта. „Средствата се добиени под исклучително поволни услови – 15 години рок на враќање со четири години грејс период и каматна стапка од само 1,16 проценти. Тоа е уште една потврда од страна на Европската банка за обнова и развој…

повеќе...

Ставрески: Ребалансот обезбедува дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10

Интензивирање на изградбата на Коридорот 10, реалокација на средства меѓу буџетските корисници во рамки на обезбедената маса на плата, обезбедување дополнителен износ во Фондот на ПИОМ, надминување на последиците од елементарните непогоди во општините, а истовремено незагрозување на исплатата на обврските е предвидено во предложениот ребаланс на Буџетот за 2014 година за кој денеска почна расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како што образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, станува збор за мини-ребаланс кој предвидува намалување на приходната и на расходната страна вкупно за 2 проценти.…

повеќе...