Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и…

повеќе...

Финалето од фудбалскиот Куп на Македонија на 17 Мај на стадионот Младост во Струмица

ФФМ, клубовите финалисти и МВР на заеднички состанок ги договорија деталите околу организацијата на натпреварот и преземените мерки за финалето во Струмица да биде вистински фудбалски празник. На денешниот состанок Васко Дојчиновски комесарот за натпреварување, а воедно и делегат на Куп пресметката меѓу Шкендија и Пелистер ги информираше клубовите за нивните обврски кои произлегуваат од Правилникот за натпреварување, како и за важноста натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера. Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер Mktickets ќе изврши дистрибуција на потребниот број билети за двата клуба, како и…

повеќе...

Ќе се обновуваат фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица. Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите ­ споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство.Следната недела, Завод и музеј треба да…

повеќе...

Заев: Струмица ја продолжува вековната традиција на струмичкиот карневал

Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Струмица ја продолжува вековната традиција, секако и 25 години организирана форма на струмичкиот карневал. Синоќа со концертот организиран од основното музичко училиште “Боро Џони” и уметничката галерија, односно претставувањето на сликите од минатогодишниот карневал, започнаа карневалските манифестации. Вечерва е познатиот стримички маскембал, каде што цела Македонија преку вас медиумите, ќе може да ги види прекрасните креации на струмичани, кои со многу труд, многу љубов, ја негуваат традицијата којашто потекнува од нашите поколенија. Секако тримерските обичаи се…

повеќе...

Стружанецот Костески ново засилување во редовите на Макс Струмица

Стружанецот Крсте Костески е новото засилување на ракометниот клуб Макс Струмица. Тој во претходните две и пол години бранеше за РК Охрид 2013, а претходно настапуваше и за РК Струга. Костески играше и за младинската репрезентација на Македонија. Имено, екипата на Макс Струмица учествува во СЕХА лигата, каде моментално лидер е Вардар. Костески ќе има можност да дебитира за „Рисовите“ на 3 февруари кога неговиот тим гостува во Белорусија против тимот на Мешков Брест. Во ексклузивна изјава за WebOhrid, Костески искажа задоволство што се наоѓа во тим со поголема амбиција,…

повеќе...

Нова инвестција на Џонсон Контролс од 20 милиони долари во ТИРЗ Струмица

Американската глобална компанија од областа на автомобилската индустрија ќе инвестира 20 милиони долари во ТИРЗ Струмицав за изградба на нова фабрика за производство на покривки за автомобилски седишта. Договорот за новата инвестиција денеска во Скопје во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го потпишаа директорот на Џонсон Контролс, Вили Ван Лој и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо. Директорот на Трим групацијата на Џонсон Контролс, Питер…

повеќе...

Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и рeхабилитација во Банско. Во прекрасен новогодишен амбиент, скромно и весело поминаа првите часови од Новата 2016 година потврдувајќи го искреното пријателство кое трае повеќе од една деценија. Градоначалникот Заев од срце на своите пријатели – штитениците им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа. Тие му возвратија на честитките посакувајќи му исто така многу здравје и среќа и посакаа уште многу нови години да поминуваат заедно.

повеќе...

Џонсон Контролс отвора нова фабрика во Струмица

По успешноста на фабриката во Штип, Џонсон Контролс отвора нов капацитет во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места. Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“, Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд. „Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука“, рече…

повеќе...

Археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во с.Банско, Струмичко

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, а како дел од Програмата за заштита на културното наследство започнаа систематските археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во селото Банско, Струмичко. Во рамките на превземените активности стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј –Струмица претходно извршија расчистување на теренот како подготовка за археолошките истражување на лекувалиштето кое датира од 3 и 4 век. Во согласност со планираните активности во тек се истражувањата на југоисточниот дел од малата бања, каде што со последната истражувачка кампања е откриен дел…

повеќе...

Американска компанија со интерна одлука за инвестиција со 1.500 вработувања во Струмичко

Владата е во финални преговори со глобална американска компанија за инвестирање во ТИРЗ Струмица за изградба на фабрика за производство на автомобилски делови. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра, а ќе овозможи 1.500 нови вработувања во Струмичко, изјави денеска во Струмица премиерот Никола Груевски. „Можам да кажам дека сме во финална фаза на преговори со меѓународна глобална компанија со седиште во Америка за производство на автоделови за инвестирање токму тука во ТИРЗ Струмица и отворање на нови околу 1.500 работни места. Претставници на компанијата досега неколку пати беа во посета…

повеќе...