Кривична пријава за кичевчанец кој вработил таксисти без да ги осигура

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „повреда на права од работен однос“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Л. (37) од Кичево и против правниот субјект ДПТПУ „Зоран Ѓорѓијевски Краљо“ увоз – извоз ДОО Кичево. Пријавениот, во својство на управител на правниот субјект, спротивно на членовите 13 и 121 од Закон за работни односи, свесно, на лицата З.Ѓ. и Г.М. двајцата од Кичево, им ги повредил правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување. Пријавениот, на 13-ти декември 2015 година,…

повеќе...

Известување до такси превозниците во Охрид

Се известуваат сите такси превозници од Општина Охрид и фирмите кои се занимаваат со такси превоз дека скоро секоја година зачестена е појавата во текот на туристичката сезона, такси превозниците кои го вршат превозот спротивно на законските одредби односно не сакаат да ги возат патниците во насока према Стар Град и други пократки дестинации со напомена дека се зафатени. Ваквата појава е спротивна на Законот за превоз во патниот сообраќај и Општинскиот инспекторат против сите прекршители ќе презема соодветни санкции пропишани за Закон како и одземање на лиценцата за работа.…

повеќе...

Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите

Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.208 од 26.11.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување до 31 декември 2016 година. Ова значи дека за сите авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2016 година.

повеќе...

Колку патници користеле такси превоз во 2014?

Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 372 патнички автомобили од 178 извештајни единици. Во 2014 година, со 2 372 патнички автомобили се превезени вупно 27 755 000 патници, од кои 24 321 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3 434 000 патници. Со истиот број на возила се остварени вкупно 69 450 000 километри од кои 61 852 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 7 598 000 километри.

повеќе...

Ќе се интензивираат и координираат системските мерки на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај

Ќе се интензивираат и координираат системските мерки на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај со републичките и општинските сообраќајни инспектори по патен сообраќај и со овластени лица од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид. Ова е еден од главните заклучоци на состанокот што на иницијатива на СВР Охрид, денес се одржа со републичките и општинските сообраќајни инспектори по патен сообраќај, овластените лица од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, претставници на такси компании и правните субјекти кои вршат линиски превоз во…

повеќе...

Јавен повик за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Р.М број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14), Градоначалникот на Општина Охрид го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на кандидатите за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи во Општина Охрид Предмет на јавниот повик Предмет на јавниот повик е пријавување на кандидати за добивање на сертификат…

повеќе...

Повик за избор на правен субјект за лиценцирање на авто-такси возачи

Согласно најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај на Република Македонија во членот 8-3 стои дека стручно оспособување на кандидатите за добивање сертификат за авто – такси возач го врши правно лице овластено од општината. Условите кои траба да ги исполнува правното лице се да поседува: – Минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обука; – Информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција; – Минимум 3 лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку 3 години работно…

повеќе...

За таксистите – одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати до 31 декември

Согласно Одлуката на Владата на РМ („Службен весник на РМ“, бр.16 од 03.02.2015 година), вршителите на авто-такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување од 1 февруари 2015 година до 31 декември 2015 година. Ова значи дека за околу 9.000 авто-такси превозници се продолжува рокот за воведување и регистрација на фискални апарати со вграден ГПРС уред до 31 декември 2015 година. Успешен старт на Проектот „ГПРС-фискализација“ Со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555…

повеќе...

Такси возилата со новиот грб на Општина Охрид

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, информираат дека такси-компаниите коишто вршат трговска дејност на територијата на градот започнаа да поставуваат лепенки со новиот грб на општина Охрид на своите такси возила. Надлежните велат дека овој процес ќе се реализира и наредните неколку денови. Инаку, информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните и средни училишта во градот.

повеќе...

Уште 15 дена пријавување за обуки по англиски за таксистите

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е пријавувањето на такси возачи за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Рокот за пријавување е до 25.10.2014 година. Јавниот повик е објавен од страна на Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и истиот се однесува на пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање…

повеќе...