Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе кај стариот чинар

По повод празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“, Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар). Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на Бул. Туристичка бр.79 или на тел 046-266-600. Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.

повеќе...