Свечено одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Денес OУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, свечено го одбележа 18ти октомври, Патрониот празник на училиштето. Претставници од училиштето оддадоа почит кон патронот, а беше положено и свежо цвеќе. Беше даден и Историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески. Имаше и свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. Во рамките на одбележувањето на празникот беше одржана презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирање спортски игри како и хуманитарна акција.

повеќе...

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ го полагаа завршниот практичен дел од матурата

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори во кабинетот за готварство, готвачите ги покажаа своите вештини во кујната за подготвување на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, додека пак во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија морски плодови, банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување. За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок.…

повеќе...

Младите автори од ОУТУ „Ванчо Питошески“ дел од збирката поезија од проектот „Млади поети“

На конкурсот „Млади поети“  објавен од Агенцијата за млади и спорт на Република  Македонија, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Сергеј Костовски, Дајана Сиљаноска и Марија Петреска со своите поетски творби беа избрани во најдобрите творби а со тоа да бидат застапени како автори во стихозбирката, малата анталогија за поезија. Ментор на учениците е професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.

повеќе...

Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ја прославија матурската вечер

Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното образование… Матурската забава е настан којшто се чека цела година. Матурантите од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја имаа својата матурска забава во хотелот „Силекс“, организирајќи с`е да биде совршено до најситен детал. Најпрво во украсениот училишен двор со балони се фотографираа и играа пеејќи со музиката за која се погрижија самите ученици поканувајќи свирачи а потоа поминувајќи по црвениот тепих организирано тргнаа кон х. „Силекс“ каде што беа пречекани со различни видови…

повеќе...

Високи резултати за ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву 2017“

ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на манифестацијата „Образовно рандеву 2017“ во организација на Македонска асоцијација на средни стручни училишта што се одржа во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје.  Учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето со кој го освоија второто место ја презентираа работата, образовните профили, наствата, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло. Учествуваа 34 ученици во 11 различни категории под…

повеќе...

Бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓу­народен гастрономски натпревар во Црна Гора

Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питоше­ски“ освои Бронзен ме­дал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора. Како дел од тимот на Гастромак – Македо­нија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзе­ниот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните га­строномски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сре­брени и…

повеќе...

Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во посета на ФОН Универзитетот во Струга

Во просториите на ФОН Универзитет во Струга, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид учествуваа на настанот Book Swap (Размена на книги) и Промоција на две книги од студентки на ФОН. Исто така се информираа за факултетите и условите за студирање кој ги нуди ФОН Универзитет-Струга.

повеќе...

Сребрен и бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународен натпревар за десерти

Сребрен и бронзен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот натпреварот за десерти во рамките на „Шумадија Сајам“ – Саем за чоколадо и топли напитоци во Крагуевац. Како дел од тимот на Гастромак – Македонија, под менторство на Влатко Ѓоргиески, ученичката бронзениот медал го освои во категоријата чоколаден десерт индивидуално, а сребрениот медал екипно чоколаден десерт. По Меѓународниот гастрономски натревар во Истанбул во февруари годинава каде што Кристијан Китанов заедно со Анастасија Чутрова освоија сребрен и бронзен медал ова е втор висок успех на учениците од…

повеќе...

Низа креативни еколошки работилници во ОУТУ „Ванчо Питошески“

Со цел да се поттикне еколошката свест кај младите, како и да се развие чувството на естетика и припадност кон заедницата, во ОУТУ „Ванчо Питошески“- Охрид беа организирани низа креативни работилници кои ја поттикнаа фантазијата и креативноста на учениците, при што од стар отпаден материјал дворот на училиштето го претворија во пријатно место за одмор и дружење на учениците. Целта на оваа активност беше да се развие чувството на припадност и одговорност кон училиштето преку активности и неформална комуникација на учениците која доведе до зголемување на социјалните контакти, намалување на…

повеќе...

ОУТУ „Ванчо Питошески“ со низа активности по повод Денот на еколошката акција на младите и Светскиот ден на поезијата

По повод 21 март -Денот на еколошката акција на младите на Р.Македонија, како и Светскиот ден на поезијата, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид, се организираа низа активности за учениците и вработените. „Се расчистуваше училишниот двор, уредување на училниците и кабинетите, засадување на садници, читање на поезија на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта. Активностите ќе продолжат и понатака со цел потикнување еколошка и естетска свест кај младите.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

повеќе...