Во недела ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“

На 02.07.2017 година (недела), со почеток во 21:00 часот ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“, во организација на Телевизија Морис Охрид. За прв пат оваа година фестивалот добива локација во центарот на градот, односно на градското пристаниште, непосредно во близина на споменикот „Фаќач на крст“,што значи дека фестивалот ќе биде отворен за сите посетители. „Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изведени над 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии од кои ќе бидат одбрани најдобрите од страна на стручното жири, ама и присутната публика ќе има можност…

повеќе...