Прво место за хорот при ОУ „Христо Узунов“ на Регионалните хорски и оркестарски натпревари

На 7мај во Основното училиште „Христо Узунов“, Охрид традиционално се одржаа регионалните хорски и оркестарски натпревари. Учествуваа ансамбли од Струга, Кичево и Охрид. Оваа година конкуренцијата беше силна, а критериумите на комсијата многу високи. Натпреварот го следеа родители и ученици кои уживаа во празникот на музиката. Беа изведени композиции од различни жанрови. Хорот при ОУ „Христо Узунов“ настапи со две композиции – една обавезна, а другата авторска од наставници. Трудот беше награден со најголем број бодови за прво место. На натпреварите имаше и II категорија најдобар глас и инструменталист од…

повеќе...

Регионални смотри на хорови и оркестри 2017

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржуваат Регионалните смотри на Хорови и Оркестри од Охрид, Струга и Кичево.  Настапуваат околу 10 хорови и  10 оркестри. На натпреварот има и втора дисциплина – учество на Вокални и инструментални интерпретатори.

повеќе...

Отворено 9-то издание на Охридскиот хорски фестивал

Синоќа во Охрид беше отворено 9- то издание на меѓународниот хорски фестивал. Учесниците и гостите ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Почитувани учесници на 9 меѓународен хорски фестивал, вљубеници во музиката, дами и господа. Ви посакувам топло добредојде и пријатен престој во Охрид, градот на испреплетена култура и историја, јадро на словенската писменост за кое ваквите манифестации се проширување на богатата музичка лепеза. Радува фактот што покрај македонските и охридски музички брендови „Охридско Лето“ и “Балканскиот фестивал“ на народни песни и игри, од година во година Охридскиот хорски…

повеќе...

Охридски Хорски фестивал 2016 по деветти пат во Охрид

Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по деветти пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 25.08.2016 (четврток), а ќе трае до 29.08.2016 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 22 хорa од 11 европски земји. Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк. Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Габор Ковач (Унгарија), Запро Запров…

повеќе...

Канческа-Милевска ги прими членовите на хорот „Св. Злата Мегленска“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги прими диригентката Летка Полизова-Димовска и дел од членовите на Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, кој освои значајни награди на 9. „Светски хорски игри“, што од 6 до 16 јули се одржаа во Сочи, Руска Федерација. Хорот, како единствен претставник од Република Македонија, го освои највисокото признание Светски шампион во категоријата „женски камерни хорови“ и три златни медали во катергориите: световна музика, фолкор и црковна музика. На хорското натпреварување во Сочи учествуваа околу 280 хорови од 76 држави во светот, кои се натпреваруваа…

повеќе...

Три златни медали за Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, под раководство на Летка Димовска–Полизова, освои три златни медали и стана светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“ на престижните „Светски хорски игри“ кои од 6 до 16 јули се одржаа во Сочи, Руска Федерација. Македонските претставници освоија златни медали во категориите духовна музика и фолкор, како и златен медал во категоријата на женски камерни хорови. Со поддршка од Министерството за култура, Хорот „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, учествуваше на 9. Светски хорски игри, каде што се претставија над 280…

повеќе...

Женскиот младински хор при МКЦ и диригентот Сашо Татарчевски со високи признанија во Полска

Оваа меѓународна активност, која беше поддржана во Годишната програма на Министерството за култура, претставува огромен успех во меѓународната афирмација на македонската хорска уметност особено ако се земе предвид дека Женскиот младински хор при МКЦ е еден од ансамблите со најдолга традиција во Република Македонија … Од Министерството за култура информираат дека Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, освои две високи награди на шестиот меѓународен хорски натпревар во рамките на фестивалот „Вратиславиа Сакра“, кој од 3 до 6 јуни се одржа во Вроцлав, Полска.…

повеќе...

Хорот при ОУ „Христо Узунов“ од победа во победа

После освоеното прво место (100 бодови) на Регионалниот натпревар во Охрид, хорот при ОУ „Христо Узунов“ стекна право за учество на Републичкиот натпревар што секоја година се одржува во Кавадарци. „На 8ми мај во раните утрински часови започнаа „музичките вибрации” во автобусот. Тргнавме кон победа.  За време на паузата во Прилеп, на бензиската станица одржавме мини концерт за случајните присутни. Го видовме бројот на октаните и посакавме толку поени. Настапот, како и сите други претходни, беше совршен, благодарение на силните подготовки и доброто расположение на диригентот и членовите на хорот и…

повеќе...

Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ освои трето место на  Државниот натпревар за најдобар солист

Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, во конкуренција за најдобар солист од 42 учесници го освои третото место, под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Се надеваме дека оваа ученичка со својот извонреден глас ќе го најде местото помеѓу ѕвездите.“– вели директорот Ѓоко Чингоски. Државниот натпревар се одржа на 8ми мај во Кавадарци, во организација на Друштвото на музички педагози на РМ. WebOhrid

повеќе...