Здружението „Во твоја слава“ и овој Велигден со вредносни ваучери за 40 социјално загрозени лица и семејства од Охрид

Четириесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, и оваа година за Велигденските празници добија вредносни ваучери од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид. Како и минатата година, Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни бонови што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во централната продавница на „Стоп-Шоп“ во Охрид кај Музичкото училиште. Средствата за активноста на Здружението „Во твоја слава“ што се…

повеќе...

Охриѓани уште еднаш ја искажаа хуманоста на концертот „Во потрага по изгубените насмевки“

Да се биде хуман во ова време на невреме во кое живееме, можеби за некого е тежок избор, но, не и за Охриѓани кои вчера ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и беа дел од хуманитарниот концерт „Во потрага по изгубените насмевки“ во организација на еден од шесте тимови на млади на ПХВ-ЦКА (Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција). Сплотени како еден, младите волонтери на Црвен крст Охрид, талентирани пејачи, музичари, танчери, актери, заедно со публиката пулсираа во ритамот на хуманоста и младоста…

повеќе...

Вечерва хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки“

Волонтерски тим на млади на ЦКА-ПХВ програмата при Црвен крст Охрид под мотото „Во потрага по изгубените насмевки“ ќе организираат хуманитарен концерт кој ќе се одржи вечерва (понеделник, 10.04.2017) со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“, а со цел средствата од продадените влезници и од донациите во собирните каси на Црвен крст Охрид ќебидат наменети за помош на самохрана мајка од Охрид со две малолетни деца. На концертот учество ќе земат повеќе талентирани млади од Охрид, а дополнително за убавата атмосфера ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“…

повеќе...

Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето

Денес Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето. Бројните посетители и учесници од сите возрасти, во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која денес во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид, уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција на која младите го покажаа својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, тенис, хокеј на трева,…

повеќе...

Хуманитарна забава на младите волонтери на Црвен крст Охрид

Младите волонтери на Црвен крст Охрид, вклучени во програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) вечерва, со почеток во 21 часот во кафе барот Шила, организираат хуманитарна забава со која ќе биде заокружен проектниот ПХВ циклус. Ова ќе биде убава можност младите да се забавуваат и ги споделат своите впечатоци и искуства од напорното и посветено ангажирање во рамки на овогодинешниот ПХВ циклус во кој преку шест проекти, младите на возраст од 13-17 години имаа можност да работат и помогнат на деца со посебни способности, деца од социјално…

повеќе...

Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во активностите за помош на малиот Кирил

На иницијатива на ученичката заедница и младинската организација, денес, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се организираа хуманитарна акција за прибирање средства за помош на малиот Кирил Митрески. Учениците од ова училиште подготвија пирошки кои им беа понудени на вработените и учениците. Средствата кои се собраа од оваа хуманитарна акција ќе бидат уплатени на сметката за донации. Учениците му посакаа побрзо оздравување и среќно детство.

повеќе...

СВР Охрид се приклучува во хуманитарната акција за помош на малиот Кирил

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. „Посакувајќи нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство, здрав и среќен живот, полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата хуманост ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства за лекување како и со донирање преку…

повеќе...

Форумот на жени на СДСМ Охрид – дел од хуманитарната акција „Дарувај од срце”

Форумот на жени на СДСМ Охрид беше дел од големата традиционална хуманитарна акција „Дарувај од срце” која по повод Новогодишните и Божиќните празници ја организира Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвениот крст во сите поголеми градови во државата. Топла облека, покривки и обувки се донираа во Црвениот крст од каде ќе се дистрибуираат до социјално загрозените семејства. „Секоја година даруваме со желба за добробит и благосостојба на поединецот во општеството, а секоја наредна година се соочуваме со истата сурова реалност: се поголем број на граѓани отфрлени од…

повеќе...

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ „Дарувај од срце“

Денеска, Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“, ширум Македонија. Целта на оваа хуманитарна акција е да се помогне на социјално загрозените семејства во Република Македонија, преку донирање топла облека и обувки. Хуманитарната акција се спроведе во сите градови во Република Македонија, од членките на локалните форуми на жени на СДСМ. Во Скопје, акцијата започна во паркот Жена борец. По собирањето донации, тимот на Форумот на жени на СДСМ се упати кон просториите на Црвен крст и таму ја…

повеќе...

Ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на охриѓанецот Марјан Вељаноски

Црвен крст Охрид, информира дека музичкиот настан-промоција на албумот „Ретро перспектива“ на младата џез пејачка Стефанија Милеска од Битола, кој денес ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот ќе биде со хуманитарен карактер. Влезот за присуство на настанот останува слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на…

повеќе...