Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески за верниците од католичка вероисповед

По повод Христовото раѓање – Божиќ, кој припадниците на католичката црква го прославуваат денес, 25 декември, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитки до сите верници. „Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги истакнува, семејните вредности, човечката добрина и взаемното разбирање. Овој празник на љубовта и добрината нека ви донесе хармонија и спокој, позитивна мисла и светлина и топлина во вашите домови. Божиќ е празник на лубовта и надежта, празник кој не потсетува дека треба да ги следиме етичките начела во нас и да дејствуваме во согласност со честа и вистината. Со…

повеќе...

СВР Охрид со честитка по повод 11ти Октомври

По повод 11ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник. „Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските борници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици. Неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи стандарди за проактивен и транспарентен концепт за соработка со…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Илинден

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 2-ри Август – Илинден „Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 2-ри Август – Илинден. Денес Македонија ја прославува борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна татковина, Република Македонија. Празникот Илинден е силно вкоренет во традицијата, но и меморијата на граѓаните на Македонија како симбол на неопокорот на големиот број знајни и незнајни јунаци кои се жртвуваа пред олтарот на слободата. На ден Илинден 1903-та година во славното Крушево нашиот народ манифестираше…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев со честитка по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот. „Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Светите празници, како што е и Рамазан Бајам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. „Почитувани сограѓани, Дозволете ми да Ви го честитам државниот празник, 24 Мај, денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Одбележувајќи го големиот празник 24 мај, ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука – глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаа Библијата на старословенски насочувајќи дека секој народ има право…

повеќе...

Заев: Овој 1 Мај е ден на нашето достоинство – ја враќаме демократска Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: „Почитувани граѓани, Денеска кренете ги гордо главите. Овој 1 Мај 2016 година е ден на нашето достоинство! Ја враќаме заедно демократска Република Македонија и тоа оваа година, кога земјата ќе одбележи 25 години од независноста. Граѓаните на Македонија, поодлучно од секогаш, пообединето од секогаш, поцврсто од секогаш, похрабро од секогаш си ги бараат и си ги бранат своите права. Тоа е…

повеќе...

Честитка од ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид по повод 7ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид на сите граѓани им го честита денешниот празник 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид. „Денес се присетуваме на херојските подвизи на борците против фашизмот. Ова е денот кога ја искажуваме нашата благодарност кон сите оние борци кои придонесле за ослободувањето на Охрид. Дел од нив, за жал, оваа слобода ја платија прескапо, со положување на сопствените животи. Нивната борба и пожртвуваност како аманет тлеат во секој еден од нас и како завет дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за…

повеќе...

СВР Охрид со честитка за 23-ти Октомври

По повод празникот 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, од СВР Охрид упатуваат честитки до сите граѓани и желби за среќен и долговечен празник. „Почитувајќи ги вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, како демократска и професионална институција, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и ефикасно справување со криминалитетот. Работиме неселективно, законски и етички, имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап со јавноста. Посветени сме кон почитување и зајакнување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните и…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев за 2-ри август, Денот на Републиката

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во свое име и во име на Социјалдемокртаскиот сојуз, на сите граѓани на Република Македонија, им го честита големиот државен празник, 2 август – Денот на Републиката: „Овој светол датум од историјата, 2 август, кога ги чествуваме Крушевската Република од 1903 и Заседанието на АСНОМ од 1944 година искажувајки им почит на хероите кои ги положија своите животи за Македонија, е вечен потсетник на заветот за слобода, оставен на поколенијата, сегашните и идните генерации. Копнежот за независна држава пред 112 години е движечкиот мотив што…

повеќе...

Здружението „Титоисти“ со честитка по повод Денот на борецот

Здружението „Титоисти“ од Охрид упатува честитика до сите граѓани, по повод 4-ти јули Денот на борецот. Во неа се вели: „Во овие тешки времиња кога се забораваат основните вредности и постулати на слободата на Македонското тло и споменот на нејзините творци се повеќе избледува, дозволете да се потсетиме, а истовремено и младите генерации да ги потсетиме на значењето и на истрајната симболика на денешниот датум, Денот на борецот! Денес е мигот на мало приспомнување на најхрабрите во својата генерација, вградени во колективната Македонска историја, посебно од периодот на Втората Светска…

повеќе...