Минимална загарантирана откупна цена 5 ден/кг за индустриско јаболко на долгорочен период

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање и оваа година разговараше за состојбата со прозводството на јаболко пред почетокот на бербата и започнување на откупот на јаболкото. Оваа година овој сектор се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи голема површина од овогодинешниот род. Имено според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година 5477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се…

повеќе...

Охриѓанец измамен при купопродажба на 55 тони јаболка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б. (44) од ресенското село Царев Двор. Пријавениот, кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом, со лажно прикажување, успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55.000 килограми јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621.000 денари. Бидејќи до крајот на јануари оваа година, на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на…

повеќе...

Отворен откупно-дистрибутивниот центар за јаболка „Apple Land“

Во индустриската зона „Макази“ кај Ресен пуштен е во употреба новиот откупно-дистрибутивен центар за јаболка „Apple Land“, инвестиција од пет милиони евра со која ќе се отворат 100 нови работни места. На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ванчо Костадиновски, како и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. „Ваквата голема инвестиција во оваа област беше одамна исчекувана и вистински потребна за јаболкопроизводителите од преспанскиот регион. Денес таа стана реалност и верувам дека…

повеќе...