Кампања на СВР Охрид „Лето без пожари“

Во рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот. Во рамки на соработката на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера…

повеќе...

Приведен кичевчанец на ГП „Ќафасан“

Синоќа во 20:30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа – Затвор Битола за издржување на казна затвор од два месеци и два дена поради сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето е предадено на…

повеќе...

Приведен албански државјанин на ГП Ќафасан

На 25.03.2017 година во 13.35 часот на ГП „Ќафасан“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Б.А. (30) од Р.Албанија евидира со мерка „Апси“. Истиот е приведен и во 18.00 часот, со Потврда за предавање лице, е предаден на полициски службеници од ПС Струга за понатамошна постапка.

повеќе...

Македонски државјанин се обидел од државата да изнесе 105 илјади евра

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата. Вчера за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин (Е.А, 38 години). На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе, одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените…

повеќе...

Пронајдена дрога на Ќафасан, приведени тројца полски државјани, еден е во бегство

Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција – регионален центар Запад, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана. Притоа, три лица – полски државјани се приведени, а еден полски државјанин е во бегство. Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две…

повеќе...