Најавен чартер-лет од Катовице до Охрид

Охрид е привлечна дестинација за туристите од Полска, за што потврда е договорениот нов чартер-лет од Катовице до Охрид, кој ќе почне да се реализира од наредното лето. Компанијата „Рего-бис“ ќе донесе најмалку 5.000 туристи кои ќе слетуваат на охридскиот аеродром со авиони од типот „ербас 320“, со капацитет од 220 седишта. Ќе бидат застапени и кружни повеќедневни посети во комбинација и на други соседни земји, со автобуси со капацитет од 80 лица. „Покрај Охрид, правиме промоција и напори за вклучување и на други македонски туристички дестинации во програмите на…

повеќе...

ТАВ и Виз ер најавуваат: Нова линија Скопје – Хановер од 31 октомври

Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија двапати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Секој понеделник и петок воздухопловите ќе заминуваат од Скопје, додека во вторник и сабота ќе пристигнуваат од Хановер. Новата линија Скопје – Хановер со Виз ер од скопскиот аеродром Александар Велики почнува в понеделник, 31 октомври, заеднички соопштија денеска ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор и Виз ер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа. Првиот авион од Скопје за Хановер на 31 октомври ќе полета во 18:50 часот, а потоа од Хановер ќе пристигне во…

повеќе...

ТАВ Македонија: Пораст од 17% на бројот на патници на двата аеродроми во првите девет месеци

Во првите девет месеци од 2016 година, 17% повеќе патници се превезени преку македонските аеродроми, скопскиот Александар Велики и охридскиот Свети Апостол Павле, споредено со истиот период минатата година. Вкупниот број на патници достигна 1.382.714, соопштија од ТАВ Македонија, компанијата аеродромски оператор. Во истиот период, од јануари до септември 2016 година, вкупниот број на полетувања и слетувања на двата македонски аеродроми исто така се зголеми за 11%, на вкупно 13.009 летови. „Порастот од 17% на вкупниот број на патници во првите девет месеци од годинава покажува дека стратегијата за ширење…

повеќе...

ТАВ донесе француски тур-оператори во Охрид

Компанијата „ТАВ аеродроми“ од Истанбул, преку својот оддел за маркетинг, викендов донесе неколку големи француски тур-оператори со цел да ги запознае со убавините на Македонија, на Охрид и на неговиот регион. Претставници на шест туристички друштва, меѓу кои се и TUI France и Mondial Tourisme, следниве денови ќе се запознаат со убавините на Охрид и со туристичките потенцијали на градот и неговата околина. Целта е тие да се заинтересираат и да ја вклучат Македонија во нивните балкански тури, преку воспоставување редовни чартер-летови од Охридскиот аеродром. Маркетинг претставникот на „ТАВ аеродроми“,…

повеќе...

Принцезата Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

Во дводневна неофицијална посета на Охрид, престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ. Денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ таа беше пречекана од претседателката на охридскиот совет Гордана Коњановска. Принцезата Караѓорѓевиќ прв пат доаѓа во Охрид. Во рамки на посетата таа ќе ги разгледа културно историските одбележја на градов, а ќе ги посети и продавниците за охридски бисер и филигран. Принцезата Јелисавета родена е во Белград како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар. Таа е во второстепено сродство со шпанската…

повеќе...

Српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ во посета на Охрид

Во дводневна неофицијална посета на Охрид ќе престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот – кралски намесник Павле Караѓорѓевиќ и на кнегињата Олга. Принцезата ќе слета на аеродромот Св. Апостол Павле во 14:55 и ќе биде пречекана од делегација на општина Охрид. Таа ќе има прошетка низ градот, ќе ги посети најзначајните културно-историски споменици во старото градско јадро, како и продавниците за филигран и за охридски бисер. Принцезата Јелисавета е родена во Белград, како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и на грчката и данска кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар.…

повеќе...

Лишен од слобода албански државјанин поради фалсификувана дозвола за престој

Вчера во 13:30 часот на ГП Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид при пасошка контрола лицето Р.К. (39) од Р.Албанија, приложило стара патна исправа на која имало стикер од постојана дозвола за престој во Велика Британија. Поради основано сомнение за фалсификувана дозвола за престој на лицето му е одбиен излез од Р.Македонија, по што е лишен од слобода и е предаден на полициски службеници од ПС Охрид за понатамошна постапка.

повеќе...

Запленети 22 златници на скопскиот аеродром

При контрола на патник на Аеродром Александар Велики во Скопје, мобилен царински тим откри 22 златници со вредност од околу 12 илјади долари. Имено, на 13 јули 2016 година околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје, за влез во Република Македонија со лет од Рим се пријави лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелен канал каде одат патници кои немаат ништо за пријавување, селектирано е за царинска контрола. При контрола на личниот багаж, во патна торба помеѓу личните предмети завиткани…

повеќе...

Охриѓани не ги откажуваат туристичките аранжмани во Турција

Меѓу охриѓани нема откажувања за туристичките патувања и пакет-аранжмани за Истанбул и за другите туристички дестинации во Турција, по последниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Од туристичката агенција „Венус травел“ информираат дека во моментов има туристи од Охрид кои се на летување во Турција, но се наоѓаат на други туристички локации, далеку од истанбулскиот аеродром. „Засега нема откажувања на туристичките аранжмани за Турција. Вообичаено има интерес за оваа туристичка земја. Секако дека се грижиме за безбедноста на нашите сограѓани. Но, како што беше јавено, за среќа, на прометните и…

повеќе...

ТАВ го пречека првиот чартер-лет на Томас Кук на охридскиот аеродром

Со традиционална церемонија за пречек, ТАВ Македонија утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид со големо задоволство го поздрави пристигнувањето на првиот чартер-лет од Брисел реализиран преку најголемиот европски тур-оператор Томас Кук.  Над 120 патници пристигнаа со воздухопловот од типот Ербас А 320 од центарот на Европската Унија, минувајќи низ Тиват во Црна Гора, во рамките на нивното патување во различни земји од Балканот. Од денеска, 20 јуни, сè до средината на септември, овие чартер-летови ќе оперираат еднаш неделно, во понеделник, со време на пристигнување во Охрид во 8:20…

повеќе...