Во понеделник во Охрид пристигнува првата група туристи од Брисел

Во понеделник, 20-ти јуни, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ ќе пристигне првата група туристи од Брисел со туроператорот „Томас Кук“. На пречекот на првата група туристи кои ќе допатуваат од Брисел ќе говорат претставници на ТАВ, туроператорот Томас Кук, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како и на Локалната самоуправа во Охрид.

повеќе...

На охридскиот аеродром отворена авиолинијата Белград-Охрид со Ер Србија

Ер Србија, националната авиокомпанија на Република Србија и ТАВ Македонија, компанијата која оперира со македонските аеродроми, денеска на охридскиот аеродром Свети Апостол Павле ја пуштија новата линија Белград-Охрид-Белград, свечено прославувајќи го проширувањето на мрежата на српската авиокомпанија во Македонија. Првиот лет до Охрид, градот распослан на брегот на недопреното езеро со исто име, полета од Белград во 13:25 часот и слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во 14:25 часот, каде што беше пречекан со воден мост. Во воздухопловот имаше група претставници на авиокомпанијата предводена од страна на Мајкл Јоултен, генерален…

повеќе...

Утре стартува авионската линија Белград – Охрид

Со заеднички заложби на Општина Охрид, Македонската амбасада во Белград- Србија и авио компанијата „Ер Србија“ се воспостави новта авио линија Белград – Охрид и обратно што стартува утре од охридскиот аеродром,„Св. Апостол Павле“. На свеченоста закажана за утре ќе присуствува градоначалникот Никола Бакрачески кој беше главниот иницијатор за воспоставување на оваа линија и кој со поддршка на Владата на Р. Македонија ги реализира првите преговори и работни средби со менаџментот на реномираната „Ер Србија“. Покрај Бакрачески на настанот ќе присуствуваат и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и…

повеќе...

Пристигна првата група израелски туристи во Охрид

Со воден мост како поздрав за воздухопловот, церемонија на сечење торта, како и традиционалната македонска закуска за добредојде, ТАВ Македонија вечерва на охридскиот аеродром ,,Свети Апостол Павле’’ ја пречека првата група од 110 израелски туристи кои од Тел Авив пристигнаа со чартер-летот на израелската авиокомпанија Аркиа. Од ТАВ Македонија велат дека се задоволни што овие чартер-летови кои беа најавени лани почнуваат да се реализираат, а се резултат на активностите на ТАВ холдингот од Истанбул за привлекување на нови авиокомпании и тур-оператори на охридскиот аеродром. „Со првиот лет на авиокомпанијата Аркиа…

повеќе...

Група туристи од Израел во четврток пристигнува во Охрид

Во четврток на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ пристигнува група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“. На пречекот на туристите од Израел ќе зборуваат генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, директорот за маркетинг и продажба во „Аркиа интернационал“, Анат Ахаром и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. 

повеќе...

Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ го посетија аеродромот „Св.Апостол Павле“

Учениците од I одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните одделенски наставници Соња Јовева, Тања Мариноска и Биљана Угриноска денес беа во посета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците да се запознаат со работата на оваа организација. До аеродромот учениците стигнаа со двокатниот автобус од ЈП „Билјанини Извори“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и прилика да го следат полетувањето на…

повеќе...

Охридскиот аеродром – втор најбрзорастечки во Европа во првиот квартал

Охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ е втор најбрзорастечки аеродром во Европа во првите три месеци годинава во категоријата под пет милиони патници годишно. Ова признание за аеродромот со кој раководи „ТАВ Македонија“ доаѓа од ACI Europe (Меѓународниот Совет на Аеродроми за европскиот регион), кое во својот последен извештај бележи раст на бројот на патници на „Св.Апостол Павле“ во првиот квартал од 2016 година од 173,9%. „Значителниот пораст од 173,9% на бројот на патници на „Св. Апостол Павле’’ во првиот квартал, измерен од страна на ACI, надвор од туристичката сезона во Охрид,…

повеќе...

ТАВ Македонија ги пречека првите холандски туристи на охридскиот аеродром

Првиот туристички чартер-лет од Амстердам слета во Охрид утрово. Се очекува оваа летна сезона до октомври да бидат организирани 150 чартер-летови и Охрид да го посетат над 25.000 холандски туристи. Со воден мост во форма на виножито, традиционалната македонска закуска, како и торта за добредојде, ТАВ Македонија утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле’’ ги пречека првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-летот на компанијата Корендон. Од ТАВ Македонија потенцираат дека се задоволни што чартер-летовите со холандски туристи продолжуваат и оваа летна сезона, шеста година по ред. „Пресреќни…

повеќе...

Во вторник пристигнува првата група холандски туристи во Охрид

Првата група туристи од Холандија во Охрид за летната сезона во 2016 година пристигнува во вторник- 3 мај. Туристите, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ во 9:00 часот ќе ги пречекаат Зоран Крстевски, генерален менаџер на ТАВ Македонија, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Асим Меџедовиќ, директор на туристичката агенција „Фибула Ер-травел“.

повеќе...

Скопскиот аеродром меѓу најдобрите 10 во источна Европа

Скопскиот аеродром „Александар Велики“, со кој оперира ТАВ Македонија, е рангиран меѓу десетте најдобри авиопристаништа во источна Европа за 2016 година во рамки на Светските аеродромски награди што неодамна се одржаа во германскиот град Келн. Овој светски собир го организира реномираната британска организација „Скајтракс“ која што престижното признание на скопскиот аеродром му го доделува втора година по ред. „Среќни сме што по вторпат ја добиваме Светската аеродромска награда на „Скајтракс“, која што го рангираше скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во источна Европа, што е уште еден доказ за посветеноста на…

повеќе...