Студентски филмски фестивал Филмоција во Охрид

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 9ти до 12ти март 2017 година, го организира својот втор студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. – Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет од Тетово, Хасан Приштина од Косово, ФАМУ од Чешка, ФДУ Цетиње од Црна…

повеќе...

Претседателот Иванов одржа предавање на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, одржа предавање на тема „Геостратегиската и геополитичката позиција на Република Македонија и мигрантската и бегалската криза”, со што свечено почна академската 2016/2017 година. Претседателот Иванов во предавањето се осврна на актуелни прашања од доменот на геополитиката и геостратегијата, кои се однесуваат на предизвиците со кои се соочува Република Македонија, во контекст на мигрантската и бегалска криза. „Географијата како траен фактор на политиката повторно стапува на сцена и нам ни останува да се прилагодиме и подготвиме за…

повеќе...

Бакрачески: Св.Климент е наша духовна, културна и национална инспирација

Со низа културни и научни содржини на највисоко државно ниво Охрид и Р. Македонија ги одбележаа 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид. Одбележувањето на јубилејот заврши со Свечена Академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . Во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески, истакна: „Дозволете да ја искажам целата моја почит и почитта на моите охриѓани кон нашиот духовен заштитник и патрон на градот Охрид- св. Климент Охридски.1.100 години од смртта на Светителот и исто толку години од духовното раѓање на неговите…

повеќе...

Свечена академија по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Во рамки на чествувањата по повод 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент – Охридски, Патрон на градот Охрид, вечерва во ЦК “Григор Прличев“ со почеток во 21 часот ќе се одржи Свечена Академија. Пред присутните е предвидено да се обрати Претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов по што претседателот на МАНУ, академик Таки Фити ќе говори на тема, „Трајните пораки на Св. Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“. Пред присутните во ЦК „Григор Прличев “ќе се обрати и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Свеченостите по повод празникот денес…

повеќе...

Објавен списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17

Фудбалската федерација на Македонија го објави списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17 година. Резултати од селектирање за Спортска Академија – фудбал 2016-17 За примените кандидати во сите градови важи истиот уписен рок како за сите средни училишта. На 28 и 29 јуни 2016 година од 8:00 до 15:00 часот во просториите на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје. Сите примени кандидати од сите градови се запишуваат во Скопје. Потребни документи: – ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ – СВЕДИТЕЛСТВО ОД…

повеќе...

Денови на македонската фотографија во Охрид

Институтот за филм – филмска академија Охрид и Фото сојуз на Македонија организираат „Денови на македонската фотографија “ од 20.05.2016 година до 25.05.2016 година. • Пристигнување на учесниците на ДМФ во попладневните часови во Охрид и сместување во хотел Табана, до 19 и 30h. • 20.00 ч. – проекција на документарен филм за Вивиен Маер во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА) – Охрид • Дружење на учесниците Сабота, 21.05.2016 година Од 11.00 ч. – блок со презентации и видеа за фотографите во Институт за филм, Филмска Академија Охрид…

повеќе...

Врвни спортски имиња ги тренираат учениците од Спортската академија

Со тренингот кој со учениците од ракометната паралелка на Спортската академија го одржа тренерот на РК „Вардар“ Раул Гонзалес, завршува проектот „Гости тренери“ за оваа учебна година. На тренингот присуствуваше и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој истакна дека во рамки на овој проект во изминатите два месеци со учениците работеа еминентни имиња, стручњаци, експерти и тренери во рaкомет, фудбал, кошарка и тенис, меѓу кои и светскиот ракометен стратег Лино Червар, Индира Кастратовиќ, Марин Докузовски, Тодор Гечевски и денешниот гостин Раул Гонзалес. „Праксата покажа дека е од…

повеќе...

МОН доделува 30 стипендии за постдипломски студии на Филмската академија во Охрид

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 30 стипендии за постдипломски студии на Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која беше отворена минатата година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага. МОН лани првпат додели целосни стипендии за кандидати од првата генерација запишани на Институтот за филм во Охрид. Од понудените 20, беа доделени 13 стипендии. Покрај тоа што е зголемен бројот на стипендии за претстојната 2016/2017, има и четири нови студиски програми – за режија, камера, монтажа и за монтажа и…

повеќе...

Објавен планот за селектирање на фудбалски паралелки за Спортска Академија 2016/17

Фудбалската федерација на Македонија го објави планот за селектирање на фудбалски паралелки за Спортската Академија 2016/17. Гостивар (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево) Датум: 26.04.2016 (вторник) Место: Терен на Општина Гостивар со вештачка трева Почеток: 15:00 часот Собир и евидентирање: 14:00 часот – пријавување најдоцна до 20.04.2016 г. кај регионалниот координатор Арѓент Беќири 078/225-555 Тетово (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: нема) Датум: 26.04.2016 (вторник) Место: Терен на Општина Тетово со вештачка трева Почеток: 10:00 часот Собир и евидентирање: 9:00 часот – пријавување најдоцна до 20.04.2016 г.…

повеќе...

Прв студентски филмски фестивал – Филмоција во Охрид

Институтот за филм – Филмска Академија Охрид во периодот од 8ми до 10ти април 2016 година, го организира својот прв студентски филмски фестивал – Филмоција (Feelmotion) – чии активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид. Овој настан предвидува разновидна и богата тридневна програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти. – Факултети кои ќе учествуваат со сопствени филмови и студенти ce: Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Есра и ФДУ – Скопје, Тетовскиот Универзитет и „Хасан Приштина“ од Косово. – Работилниците ќе бидат водени од продуцентите: Огнен Антов, Борис Дамовски, Атанас Георгиев и…

повеќе...